Бугарска академија на науките

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Централната зграда на Бугарската академија на науките
Централната зграда на БАН, сликана околу 1930 година.

Бугарската академиjа на науките (бугарски: Българска академия на науките, скратено БАН) е автономна државна организациjа за научни истражувања во Бугариjа.

Историjа[уреди]

Бугарската академија на науките е формирана како "Бугарско книжевно друштво" (БКД) во градот Браила во Романија на 26-30 септември 1869 година.[1] По создавањето на Кнежество Бугарија во 1878 БКД се преместува во новата бугарска метропола Софија, а на 6 март 1911 го менува името на денешното "Бугарска академија на науките".[2] Во периодот 1925-1929 е изградена денешната централна зграда на академиjата, коjа се наоѓа до Народното собрание на Бугарија и катедралата Храм-споменик Свети Александар Невски. Меѓу наjистакнатите членови на БАН биле Кузман Шапкарев, Ефрем Каранов, Иван Снегаров, Теодосиј Гологанов, Иван Георгов, Љубомир Милетич, Благоj Шклифов. Во 2006 година БАН вклучувала 86 научни институти и централна администрациjа со општ броj на вработените околу 8 400 луѓе.

Научни центри[уреди]

Во рамките на БАН функционираат следните институти:

Математички науки

Физички науки

Хемиски науки

Биолошки науки

Науки за Земjата

Инженерни науки

Хуманитарни науки

Општествени науки

Академиjата исто така поседува сопствена издавачка куќа - Академска издавачка куќа "Проф. Марин Дринов".

Извори[уреди]

  1. Официjална страница на БАН, дел Историjа на БАН.
  2. Официjална страница на БАН, дел Историjа на БАН.

Надворешни врски[уреди]