Анти

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Прататковината на Словените.

Антите се една од трите словенски племенски групи образувани во IV век, на територијата на словенската прататковина, која се наоѓала источно и северно од Карпатите до реките Висла и Дњепар.

Според римскиот хроничар Тацит (а и според огромниот број слависти), Словените се делеле на три племенски групи: Венети, населени на западниот дел од нивната татковина, Антите, населени на источниот, и Склавини населени на јужниот дел. Тој исто така ја одредува татковината на Словените: Северното Прикарпатие – реките Дњестар и Дњепар.

Антите според Шахматов биле најбројното словенско племе. Најголемиот дел од Антите останал во прататковината, или почнал да се придвижува кон исток и север - додека мал дел од Антите заедно со Склавините тргнал надолу и преку Карпатите навлегол во на југ се до Тракија и Македонија.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици