Македонски Бугари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Бугари во Македонија
Българи в Македония
Вкупен број на населението

1.417 [1]

Региони со значително население
Струмица и регионот, и одреден број на Бугари во Скопје и Охрид
Јазици
македонски и бугарски јазик
Религии
Православно христијанство
Поврзани етнички групи
Бугари, Македонци

Македонските Бугари (бугарски: македонски българи) се мала етничка заедница која живее во Македонија. Во државата има многу мал број граѓани кои се декларираат како Бугари и истите често се нарекуваат Бугарофили (бугараши) кои заедно како една целина не се признато етничко малцинство. Најголем број Бугари се сконцентрирани во регионот на Струмица,[2] можеби поради тоа што градот територијално се наоѓа во близина на Бугарија и бил два пати дел од бугарската држава (1912-1919) и (1941-1944).[3] Во периодот помеѓу 1945 - 1991 година додека Македонија била дел од Југославија имало миграција на бугарското население од Босилеградско во Република Македонија, а најголемиот дел од него се населил во Скопје[се бара извор]. На последниот попис во Македонија во 2002 година како Бугари се изјасниле 1.417 граѓани, кои претставуваат околу 0,07% од целото население.

Содржина

[уреди] Организација

Во текот на неуспешниот „Попис 2011“ во Македонија Бугарскиот културен клуб започнал кампања која гласела: Сите биле Бугари. А ти?[4][5] која во текот на своето видео ги прикажува славните историски личности Св. Климент Охридски, Цар Самоил, Гоце Делчев како Бугари. Во Македонија има бугарско здружение Радко[6] во Охрид и Бугарски културен клуб[7] во Скопје. Се проценува дека во последниве неколку години околу 43,000 македонски граѓани земале бугарски пасоши со кои може да патува во земјите од ЕУ без визи. Уште околу 60,000 лица поднеле молби за бугарско државјанство за кое мора да потпишат документ дека имаат бугарско потекло. Прашање е колку од тие што добиле пасош или поднеле молби се чувствуваат Бугари, а колку на таков чекор се решиле од економски причини.

[уреди] Познати личности

[уреди] Наводи

[уреди] Поврзано


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици