Банатски Бугари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Банатски Бугари

Банатските Бугари (банатско-бугарски: palćene или banátsći balgare) се бугарски иселници кои живеат во историскиот регион Банат во Србија и Романија. За времето кога таа област била во Австро-Унгарија тие се нарекувале „Јужноунгарски Бугари“. Меѓусебе тие се нарекувале павлиќани, или „павликене“, „палкене“ и „паулкене“ на месниот дијалект. Меѓу научниците тие луѓе се познати како „Банатски Бугари“. По преселбата во Австриската империја, Банатските Бугари се одделуваат во посебна бугарска етно-религиозна група со свои посебни карактеристики. Тие се католици, говорат свој дијалект, пишуваат на латиница и имаат самобитна материјална и духовна култура, со силно влијание од локалното унгарско, германско, романско и српско население. Денес има околу 10.000 Банатски Бугари.[1][2][3]

Наводи[уреди]

  1. „Structura Etno-demografică a României“ (на Romanian). Centrul de Resurse pentru Diversitate Etnoculturală. 24 јули 2008. http://www.edrc.ro/recensamant.jsp?regiune_id=1832&judet_id=0&localitate_id=0. 
  2. Иванова, Говорът и книжовноезиковата практика на българите-католици от сръбски Банат.
  3. „Final results of the Census 2002“ (PDF). Republic of Serbia: Republic Statistical Office. 24 јули 2008. http://webrzs.stat.gov.rs/zip/esn31.pdf. 

Поврзано[уреди]