Аорист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Аористот е глаголски облик кој се јавува во многу индоевропски јазици. Како посебна форма на глаголот и македонскиот го наследил од прасловенскиот јазик.

Праиндоевропскиот аорист најверојатно бил само глаголски вид, а не глаголско време. Како и да е се смета дека веќе во периодот на праиндоевропската јазична заедница аористот како форма се врзал за одредено време или начин. Така на пример во старогрчкиот јазик, во исказниот начин (индикатив) аористот означува: минато време, свршен вид. Во останатите ситуации тој речиси и не носи информација за глаголското време. Слична е ситуацијата и во санскртот.

Аористот како глаголско време постои и во прасловенскиот и старословенскиот јазик. Иако главно може да се опише како време, и тоа минато и свршено, сепак сите глаголи, и свршени и несвршени, имаат аорстни форми. Така глаголот во аорист главно носи информација за трајноста на глаголското дејство, додека имперфектот главно за повторливоста. Ова не е строга поделба зашто разликата е често пати во нијанси и зависи од ситуацијата и природата на самото дејство.

Македонскиот аорист го градат само свршените глаголи. Во литературниот јазик аористот е минато определено свршено време и означува дејствија кои се случиле или случувале во минатото, но до моментот на говорење се секако завршени.

Поврзано[уреди]