Минато определено свршено време во македонскиот јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано
Македонска граматика
Македонски јазик

Манатото определно свершено време (МОСВ) или поретко наречено како аорист е граматичко време со кое македонскиот јазик се служи да искаже минато, завршени и заокружено дејство. Со цел да се образува ова време, македонскиот јазик има развиено само четири различни наставки за соодветни лица и две нулта наставки.

Содржина

[уреди] Образување

За образување на минатото определено свршено време, македонскиот јазик има развиено систем на наставки кои се додаваат на основниот глагол. Наставките кои се додаваат според лица се[1]:

еднина множина
1. − в − вме
2. − вте
3. − а / − ја

Со дадените наставки, сите глаголи од сите глаголски групи и подгрупи можат да се сменат по лица, па така имаме:

а - глаголска група
прочита
и - глаголска група
и-раздел: прати
и - глаголска група
е-раздел: оздрави
и - глаголска група
а-раздел: издржи
Јас прочитав пратив оздравев издржав
Ти прочита прати оздраве издржа
Тој, таа, тоа прочита прати оздраве издржа
Ние прочитавме пративме оздравевме издржавме
Вие прочитавте пративте оздравевте издржавте
Тие прочитаа пратија оздравеа издржаа
е - глаголска група
а-раздел: стане
е - глаголска група
е-раздел: сотре
е - глаголска група
о-раздел: дојде
е - глаголска група
раздел без вокал: измие
Јас станав сотрев дојдов измив
Ти стана сотре дојде изми
Тој, таа, тоа стана сотре дојде изми
Ние станавме сотревме дојдовме измивме
Вие станавте сотревте дојдовте измивте
Тие станаа сотреа дојдоа измија

Од промената на глаголите во ова време се забележува дека[1]:

  • второто и третото лице во еднина се еднакви и без лична наставка;
  • основниот вокал не се менува при промената по лице, освен во о-раздел од е-глаголската група, каде што наместо о се јавува е во второто и третото лице еднина;
  • кај глаголите со раздел без основен вокал личните наставки се додаваат на општиот дел од глаголот;
  • Наставката -ја се јавува кај глаголите од и-група со и-раздел и кај глаголите од е-група со раздел без вокал.

[уреди] Употреба

Графички приказ на двете основни употреби на аористот. Во црвена боја е минатото заокружено дејство, а во сина дејство кое се однесува за идност.

Основното значење на минатото определено свршено време е да се искаже заокружено и засведочено дејство, во присуство или со учество на оној што зборува во еден определен момент во минатото. Временскиот период што го опфаќа ова време може да биде сосема кус (пр: Погледнав накај него.), како и долг (пр: Куќата ја изградија за шест месеци)[1].

За образување на ова време се употребуваат глаголи од свршен вид. Во поретки случаи, обично во народниот јазик, има и образување со несвршени глаголи, како на пример: Три дни лежев болен. Една вечер спав надвор.[1]

Покрај основното значење, со ова време може да се означи и[1]:

  • идност
  • услов
  • современост

[уреди] Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 (на македонски) „Македонски јазик за средно образование“. Скопје: Просветно Дело АД. 2001. стр. 120 и 121. 

[уреди] Видете исто така

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник