Придавки во македонскиот јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Придавките се менлива зборовна група која именуваат некаква карактеристика на предметите, суштвествата и појавите. Карактеристиките секогаш им се препишуваат на предметите како нивни признак , тие се во тесна врска со именките и ретко се користат самостојно. Поради тесната поврзаност со именката, придавката мора да ги има истите граматички бележја како и именката до која стои. Од ова правило за усогласување на граматичките бележја отстапуваат некои странски придавки како што се екстра, мини, пембе и сл.[1]

пр: добар, добра, добро, добри.

Според значењето придавките се делат на четири основни подгрупи: описни или квалитативни, односни или релативни, бројни и заменски. Описните придавки означуваат такви особини на предметите што произлегуваат од самите нив, што се нивно својство.[2]

пр: голем, мал, бел, зелен, сладок итн.

Со односните придавки се означува признак на предметот што не произлегува од самиот него, туку од односот со некој друг предмет.[3]

пр: мајкин син, градска библиотека итн.

Бројните придавките се изведени од броеви и такви се на пример придавките петти, стоти и слично. Заменските придавки се однесуваат, се поврзани или се произлезени од заменки и како пример за заменки придавки се мој, твој, никаков, колкав и слично.

Степенување на придавки[уреди]

Различниот степен на признакот се нарекува степенување. Описните придавки се изделуваат од сите други видови придавки токму поради степенувањето, односно степенот на својството кое го поседува. Така на пример придавките „волнени“ и „детски“ немаат степен на својството кое го поседуваат, односно не може да се каже „поволнени“ или „најдетски“. За разлика од нив, придавките од описен вид можат да имаат форми за степен како на пример „високи“, „повисоки“ или „највисоки“. Степенувањето на едно својство на еден предмет се врши врз основа на споредба на истото тоа својство кај друг предмет.[4]

Придавките, односно описните придавки, имаат три форми за степенување вклучувајќи ја и основната форма. Така, основната форма на придавките се нарекува позитив, а потоа следуваат двете форми на степенувањето т.е. компаративот и суперлативот. Компаративот подразбира споредба на два предмета и се образува со префиксот по-. Суперлативот подразбира споредба на повеќе од два предмета и се образува со префиксот нај-. [5]

пр: добар (позитив) → подобар (компаратив) → најдобар (суперлатив)

Блиски до степенуванбите форми на придавките се образувањата со при- и пре-. Такви примери се: престар, преголем, пристар и слино.[6] Во македонскиот јазик има само една неправилна придавка и тоа е придавката многу. Оваа придавка е неправилна бидејќи има посебни форми за компаратив и суперлатив како:

многу → повеќе →најмногу

Користена литература[уреди]

  1.   Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова. уред. „Општа граматика на македонскиот јазик“. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7. 
  2.  Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). „Македонски јазик за средно образование“. Скопје: Просветно Дело АД. 
  3.  Friedman, Victor (2001) (на англиски). „Macedonian grammar“. SEE LRC, USA. 
  4.   Lunt, Horace (1952) (на англиски). „Grammar of the Macedonian literary language“. Skopje. 
  5.  Конески, Блаже (1967). „Граматика на македонскиот литературен јазик“. I и II. Скопје: Култура. 

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]