Минато определено несвршено време во македонскиот јазик
Минатото определено несвршено време (МОНВ) во македонскиот јазик или познато и како имперфект е граматичко време кое македонскиот јазик го користи за искажување на минато засведочено дејство. Ова време се образува со шест различни наставки за личните заменки и за трите глаголски групи.
Содржина |
[уреди] Образување
Минатото определено несвршено време се образува со дадавање на наставки на соодветното лице. Наставките се додаваат на основниот вокал а кај глаголите од а-глаголска група и на основниот вокал е кај глаголите од е и и глаголска група. Наставките кои се користат за образување на ова време се[1]:
| еднина | множина | |
|---|---|---|
| 1. | − в | − вме |
| 2. | − ше | − вте |
| 3. | − ше | − а |
Следува табеларен приказ на промената на три глаголи од трите глаголски групи во минато определено несвршено време:
| а - глаголска група | и - глаголска група | е - глаголска група | |
|---|---|---|---|
| Јас | гледав | ловев | јадев |
| Ти | гледаше | ловеше | јадеше |
| Тој, таа, тоа | гледа ше | ловеше | јаде ше |
| Ние | гледавме | ловевме | јадевме |
| Вие | гледавте | ловевте | јадевте |
| Тие | гледаа | ловеа | јадеа |
Од самата промена на глаголите се гледа дека второто и третото лице еднина имаат иста наставка и дека основниот вокал кај глаголите од и-глаголска група преоѓа во е: лови −> ловев. Наставката -ја се јавува кај глаголите од е и и-глаголска група на кои општиот глаголски дел им завршува на самогласка, па така имаме: мие −> миеја, пее −> пееја итн[1].
[уреди] Употреба
Минатото определно несвршено време се користи за искажување на засведочено дејство во одвивање или во траење. Ова значење се изкажува со формите од несрвшените глаголи[1].
Форми на минато определено несвршено време имаат и свршените глаголи (како на пример винев, кажев), но тие не се самостојни туку одат со сврзиници како: ако, да, ќе и имаат други значења како на пример: услов, идност во минатото и слично[1].
Покрај основната употреба, ова време има и второстепени значења како[1]:
- услов
- блага заповед
- повторливост или вообичаеност
- готовност
[уреди] Наводи
[уреди] Видете исто така
- Минато определено несвршено време
- Граматика на македонскиот јазик
- Македонски јазик
- Глаголи во македонскиот јазик