Црноризец Храбар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црноризец Храбар
Роден крај на IX век?
Починал X век?

Црноризец Храбар (старословенски: Чръноризьць Храбръ) — анонимен средновековен македонски писател од Преславската книжевна школа. Псевдонимот Црноризец Храбар значи „храбар калуѓер“.

Некои слависти како М. Вајнгарт и Блаже Конески сметаат дека под овој псевдоним се крие името на Св. Наум Охридски, еден од истакнатите ученици на Св. Кирил и Методиј и активен деец во охридската книжевна школа, други како Ф. Снопка - Климент Охридски, проф. Г. А. Илински - Јоан Екзарх, проф. Васил Златарски - Симеон I, Е. Георгиева - Црноризец Докс.

За Црноризец Храбар се знае дека е автор на делото „О писменех“ („За буквите“), напишано во Охридската или Преславската школа во почетокот на X век.[1] Според податокот во делото, со кој се кажува: „Уште се живи што ги виделе нив“, Храбар го напишал “За буквите” кон крајот на 9. или почетокот на X век, не повеќе од една генерација по Моравската мисија.

Во Бугарија по него е именуван Варненскиот слободен универзитет.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]