Лов на вештерки

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Известување од 1533 година за погубување на вештерка.

Лов на вештерки е потрага по вештерки или докази за практикување на магии, која често вклучувала паника, масовна хистерија и јавно линчување, но низ историјата се појавуваат и официјални судења на вештерки.

Класичниот период на лов на вештерки во Европа е околу 1480 до 1700 година, што резултирал со десетици илјади погубувања.

Терминот „лов на вештерки“ често се користи за да означи слична масовна панична потрага по погрешни луѓе, а не само за вештерки. Најпознат пример е веројатно потрагата по комунисти во САД за време на Студената војна,[1][2] која делумно е дискредитирана заради споредбата со ловот на вештерките од Салем.[1]

Антика[уреди]

Казнувањето за правење магии го среќаваме уште во најраните законски прописи од древниот Египет и од Вавилон. Законикот на Хамураби од 18 век пред нашата ера наложува:

Оној кој прави магии и фрла чинки треба да се однесе до светата река, и таму да се загњури. Ако светата река го преплави и овој се удави, човекот против кого е правена магијата да ја преземе неговата куќа.[3]

Пред-христијанските римски закони одредувале казни против лоши магии.

Фусноти[уреди]

  1. 1,0 1,1 Jensen, Gary F. (2007). „The Path of the Devil“. Rowman & Littlefield. стр. Ch. 8. ISBN 0742546977. 
  2. Murphy, Brenda (1999). „Congressional Theatre“. Cambridge University Press. стр. Ch. 4. ISBN 0521891663. 
  3. International Standard Bible Encyclopedia article on Witchcraft, last accessed 31 март 2006. There is some discrepancy between translations; compare with that given in the Catholic Encyclopedia article on Witchcraft (accessed 31 март 2006), and the L. W. King translation (accessed 31 март 2006)