Џуна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Џуна (вистинско име Евгенја Јувашевна Давиташвили или скратено Џуна Давиташвили; руски: Евгения Ювашевна Давиташвили - Джуна), руски медиум и исцелител од асирско потекло, родена на 22 јуни 1949 во Кубањ, во селото Урмија во Краснодарскиот крај во Советскиот Сојуз.

Живот и дело[уреди]

Семејството на Џуна потекнува од Иран, а во Русија тие живееле близу езерото Урмија. Нејзиниот татко починал кога таа имала 11 години, а нејзината мајка една година подоцна. Во Тбилиси, Грузија, Според некои извори Џуна била обучена за кинооператорка, но никогаш не работела според својата професија.[1] Според други извори завршила медицински факултет и била распределена во Тбилиси каде се запознава со својот иден сопруг.[2] Откако ги открила своите натприродни способности со текот на годините почнала да ги користи за лекување на луѓето и на животните.

Во почетокот на осумдесетите години на XX век, нејзиниот третмани со раце ќе стане светски позната. После неколку години таа се преселила во Москва, каде што таа учествувала во многу научни експерименти.

Почеток на славата[уреди]

Во почетокот на 80-тите години од минатиот век од Москва низ целиот свет се прошири приказната за темнокосата чудотворка - таинствената исцелителка која со свои раце и со натприродна моќ ги лекува најтешките болни. Иако тогашниот Советски Сојуз не ја заговарал популаризацијата на алтернативната медицина, се зборувало дека тешко болниот водач Леонид Брежнев оди кај 30-годишна жена на третмани кои му го продолжиле животот.[3][4]

Евгенија Давиташвили, по смртта на Брежнев се прочула како една од најбогатите личности во СССР.[4]

Во почетокот на 1990-тите години таа патува во САД, Италија и во останатиот дел на Западна Европа. Во 1994 година прима високото одликување од претседателот на Русија Борис Елцин. Се сретнала и со папата Јован Павле Втори.[4]

Таа вели дека нејзин пациент бил и Борис Елцин.[4]

По смртта на нејзиниот син во 2001 година, таа живее осаменички живот.[4][5]

Надворешни врски[уреди]

Литература[уреди]