Џуџеста планета
Во последно време се откриени повеќе тела во Сончевиот систем, кои се многу помали од планетите, но се поголеми од астероидите. Поради тоа, научниците во 2006[1] решиле да го дефинираат поимот планета. Според таа дефиниција, планета е: небесно тело кое кружи околу Сонцето; има приближно кружна форма; и ја има „расчистено“ околината на својата орбита од други небесни тела. Оние планети кои ги исполнуваат првите два услови, а не го исполнуваат и третиот, се нарекуваат џуџести планети. Во Сончевиот систем постојат најмалку три џуџести планети.
Содржина |
Сегашни џуџести планети[уреди]
Досега, Меѓународната Астрономска Унија класифицирала пет небесни тела како џуџести планети.
- Церес
– откриен на 1 јануари 1801 (45 години пред Нептун), сметан за планета половина век пред да биде рекласифициран како астероид. Класифициран за џуџеста планета на 13 септември 2006. - Плутон
– откриен на 18 февруари 1930, класифициран како планета 76 години. Рекласифициран како џуџеста планета на 24 август 2006. - Ерис – откриен на 5 јануари 2005. Наречен "десетта планета" во медиумите. Прифатен за џуџеста планета на 13 септемвти 2006.
- Макемаке – откриен на 31 март 2005. Прифатен за џуџеста планета на 11 јули 2008.
- Хаумеа – откриена на 28 декември 2004. Прифатена за џуџеста планета на 17 септември 2008.
Ерис[уреди]
Ерис е најголемата позната џуџеста планета во Сончевиот систем и деветто најголемо тело кое кружи околу Сонцето. Има дијаметар од 2.400-3.000 км и 27% поголема маса од Плутон. Ерис бил откриен во 2005 година со телескопот на Маунт Паломар и се наоѓа во простор зад астероидниот регион наречен Кајперов појас. Ерис има една месечина, наречена Дисномија. Растојание на Ерис од Сонцето е од 38 до 97 пати поголемо од она на Земјата од Сонцето и, со исклучок на некои комети, тоа е најоддалеченото познато тело во Сончевиот систем.
Плутон и Харон[уреди]
Плутон е втората по големина џуџеста планета во Сончевиот систем. Првобитно бил нарекуван планета, но денес се смета за џуџеста планета и најголемо тело во астероидниот регион наречен Кајперов појас. Како и други тела во тој појас, се состои главно од карпа и мраз и е релативно мал: една третина од волуменот на Месечината. Кружи околу Сонцето по елиптична орбита, помеѓу 30 и 49 пати подалеку од Сонцето отколку што е Земјата. Поради формата на орбитата, Плутон понекогаш е поблиску до Сонцето од осмата планета – Нептун.
Плутон (откриен во 1930) и Харон (откриен во 1978) често се сметаат заедно како двоен планетарен систем, бидејќи кружат еден околу друг. Плутон има уште две помали сателити – Никс и Хидра, отркиени во 2005-та.
Мисијата на НАСА Нови хоризонти која е лансирана во 2006-та треба да ги посети и фотографира Харон и Плутон во јули 2015-та година.
Церес[уреди]
Церес е најмалата џуџеста планета во Сончевиот систем и единствена која се наоѓа во главниот астероиден појас. Таа била откриена во 1801. Со дијаметар од само околу 950 км, Церес е далеку најголемо тело во астероидниот појас. Неодамнешните набљудувања докажале дека е сферичен, за разлика од другите тела во астероидниот појас кои имаат неправилни форми.
На 27 септември 2007 НАСА ја лансираше сондата за Мисијата Зора која треба да ги истражи до 2015 година Церес и соседниот голем астероид 4 Веста.
Наводи[уреди]
Надворешни врски[уреди]
|
|||||||||||||||||