Портал:Астрономија
Република Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Философија · Наука · Општество · Технологија
АСТРОНОМИЈА
Астрономијата е наука која се занимава со проучување на природата и движењата на небесните тела: планети, сателити, комети, астероиди ѕвезди и галаксии. Прочитајте повеќе
Избрана статија
Јупитер е петтата планета од Сонцето, и убедливо најголема во Сончевиот систем. Покрај Јупитер има уште три гасни џинови во сончевиот систем - Сатурн, Уран и Нептун.
Јупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол.
Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно, до толку што неговиот центар на маса со Сонцето всушност лежи над сончевата површина (1.068 соладни радии од центарот на сонцето). Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот, и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот. Природно, Јупитеровото гравитационо влијание доминирало во еволуцијата на сончевиот систем: мнозинството од планетарните орбити лежат поблизу до Јупитеровата орбитална рамнина отколку до сончевата екваторијална рамнина, мнозинството кратко-временски комети припаѓаат на Јупитеровата фамилија (резултат од Јупитеровата маса и релативната брзина), Кирквудовите дупки во астероидниот појас во најголема мера се предизвикани од Јупитер, дури и се смета дека е можно да е одговорен за касното тешко бомбардирање на внатрешноста на сончевиот систем. Прочитајте повеќе
Дали знаете...
- ... дека VY Големо куче е најголемата позната ѕвезда. Се смета дека ѕвездата има пречник од 1800 до 2100 пати поголем од оној на Сонцето?
- ... дека Јохан Кеплер ги формулирал трите закони за планетарно движење?
- ... дека Ганимед, сателит на планетата Јупитер е најголемиот сателит во Сончевиот систем. Сателитетот е поголем дури и од планетата Меркур?
- ... дека орбитата на планетата Нептун е „најнесовршена кружница“ односно форма на елипса со најголема разлика на должината на фокусите?
- ... дека Сонцето за 5 милијарди години ќе стане црвен џин, за 7 милијарди бело џуџе, а за 17 милијарди црно џуџе?
- ... дека Сонцето не е доволно масивно за да од него настане црна дупка?
- ... дека секоја година, Месечината се одалечува 3.82 cm од Земјата?
Категории
Мултимедијална содржина
Избрана биографија
Никола Коперник (1473-1543) е астроном кој прв ја изнесе современата варијанта на теоријата за хелиоцентричниот (со сонцето како негов центар) сончев систем, во неговата епохална книга «De revolutionibus orbium coelestium» («За движењето на небесните кругови»). Коперник е роден во градот Торуњ, Царска Прусија, автономна покраина во Кралството Полска. Се школувал во Полска и Италија, животот претежно го поминал работејќи во Фромборк, Царска Прусија, каде што и починал.
Коперник бил еден од најголемите полихистори на своето време. Бил математичар, астроном, правник, физичар, учител, управник, функционер, дипломат, економист и војник.