Планетарен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Уметнички приказ на планетарен систем

Планетарен систем — систем од различни небесни тела кои не се ѕвезди, а орбитираат околу ѕвезда како планети, џуџести планети, месечини, астероиди, метеороиди, комети и вселенска прашина.[1][2] Планетарниот систем на нашето Сонце, вклучувајќи ја и нашата Земја, е познат како Сончев систем.[3][4]

Потекло и развој[уреди]

Уметнички приказ на протопланетарен диск

Се смета дека планетарните системи се оформени како дел од истиот процес кој ги создал ѕвездите. Некои поранешни теории вклучуваат поминување на друга ѕвезда многу блиску до Сонцето, која исфрлила материјал од кој се создадени планетите. Но, денес се знае дека веројатноста од ваква блиска средба е речиси неверојатна за да се смета тој процес како модел за создавање на планетите. Денес прифатените теории велат дека протопланетарниот диск кој се формирал преку гравитациски колапс на молекуларен облак, потоа еволуирал во планетарен систем.[5]

Сепак, некои планетарни системи може да се формирани на поинаков начин. Планетите што орбитираат околу ѕвездите пулсари што емитуваат периодична експлозија од електро-магнетна радијација, откриени се поради варијацијата што ја предизвикуваат при овие експлозии. Пулсарите се формираат при силна експлозија на супернова, така што нормален планетарен систем не е можно да преживее таква експлозија, при која планетите би испариле, би биле исфрлени од нивните орбити од количеството на гас ослободено од екплозијата на ѕвездата, или би ја изгубиле гравитациската врска со ѕвездата околу која треба да орбитираат.[6]

Листа на планетарни системи[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Листа на екстрасоларни планети.
Уметнички приказ на далечен планетарен систем.
Нашиот Сончев систем во споредба со планетарниот систем 55 Cancri

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. p. 394, The Universal Book of Astronomy, from the Andromeda Galaxy to the Zone of Avoidance, David J. Dsrling, Hoboken, New Jersey: Wiley, 2004. ISBN 0471265691.
  2. p. 314, Collins Dictionary of Astronomy, Valerie Illingworth, London: Collins, 2000. ISBN 0-00-710297-6.
  3. p. 382, Collins Dictionary of Astronomy.
  4. p. 420, A Dictionary of Astronomy, Ian Ridpath, Oxford, New York: Oxford University Press, 2003. ISBN 0-19-860513-7.
  5. planetary systems, formation of, David Darling, entry in The Internet Encyclopedia of Science, accessed on line September 23, 2007.
  6. Planet formation scenarios, Philipp Podsiadlowski, pp. 149–165, in Planets around pulsars; Proceedings of the Conference, California Inst. of Technology, Pasadena, Apr. 30-1 мај, 1992, edited by J. A. Phillips, J. E. Thorsest, and S. R. Kulkarni, ASP Conference Series, 36, 1993.
  7. Wired News. „Found: Solar System Like Our Own“, 13 јуни 2002.
  8. Whitney Clavin. „NASA's Spitzer Telescope Sees Signs of Alien Asteroid Belt“, 20 април 2005.
  9. Christophe Lovis (2006-05-18). "Trio of Neptunes and their Belt".
  10. Robert Roy Britt. „Likely First Photo of Planet Beyond the Solar System“, 10 септември 2004.
  11. „Lightest exoplanet yet discovered“. eso.org. 21 април 2009. http://www.eso.org/public/outreach/press-rel/pr-2009/pr-15-09.html. конс. 27 април 2009.