Пулсар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шематски приказ на пулсар. Сферата во средина е неутронската ѕвезда, кривите линии ги покажуваат линиите на магнетното поле, а конусите - емисијата на сноповите светлина.

Пулсари се високо магнетизирани ротирачки неутронски ѕвезди кои емитуваат снопови од електромагнетна радијација. Видливите периоди на нивното пулсирање се движат од 1,4 милисекунди до 8,5 секунди.[1] Радијацијата може да се забележи само кога снопот од емисија е насочен кон Земјата. Ова се нарекува ефект на светилник, па оттаму доаѓа и името на пулсарите. Бидејќи неутронските ѕвезди се многу густи објекти, периодот на ротација и интервалот меѓу две видливи пулсирања е постојан. За некои пулсари, прецизноста на пулсирањето е исто колку и прецизноста на атомски часовник.[2] За пулсарите се знае дека имаат планети кои орбитираат околу нив, како што е случајот со PSR B1257+12. Вернер Бекер од Институтот за вонземска физика - Макс Планк, во 2006 година изјавил: „Теоријата за тоа како пулсарите ја емитуваат својата радијација сè уште е нецелосна, дури и после речиси четириесет години работа.“[3] Постојат повеќе видови на пулсари меѓу кои и пулсари кои емитуваат Х-зраци, пулсати на гама-зраци и многу други, уште неоткриени видови.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Young, M.D.; Manchester, R.N.; Johnston, S. "A Radio Pulsar with an 8.5-Second Period that Challenges Emission Models." Nature, Volume 400, 26 август 1999 (pages 848-849).
  2. D.N. Matsakis, J.H. Taylor and T.M. Eubanks. "A Statistic for Describing Pulsar and Clock Stabilities." Astronomy and Astrophysics, Volume 326, October 1997 (pages 924-928).
  3. Press Release: Old Pulsars Still Have New Tricks to Teach Us. European Space Agency, 26 јули 2006.