Црвен џин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Црвен џин — светла џиновска ѕвезда со мала или средна маса (околу 0,5–10 соларни маси) која е во доцна фаза од својата ѕвездена еволуција. Надворешната атмосфера испакната и тенка, со што радиусот е огромен а површинската температура ниска, некаде од 5.000 K и пониска.

Највообичаени се црвените џинови (RGB) во кои сè уште се врши фузија на водород во хелиум, а јадрото е неактивен хелиум. Друг вид на црвен џин се асимптотичните џинови (AGB) каде се произведува јаглерод од хелиумот преку троен-алфа процес.[1] На овие AGB ѕвезди им припаѓаат јаглеродните ѕвезди од типот C-N и C-R.

Истакнати сјајни црвени џинови на ноќното небо се Алдебаран (Alpha Tauri), Арктур (Alpha Bootis) и Гама Јужен Крст (Gacrux), а уште поголеми од нив се Антарес (Alpha Scorpii) и Бетелгез (Alpha Orionis) кои спаѓаат во групата црвен суперџин.

Наводи[уреди]

  1. Zeilik, Michael A.; Gregory, Stephan A. (1998). „Introductory Astronomy & Astrophysics“ (4th издание). Saunders College Publishing. стр. 321–322. ISBN 0030062284. 

Надворешни врски[уреди]