Бетелгез

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бетелгез, Алфа Ори
Betelgeuse, Alpha Ori
Position Alpha Ori.png
Бетелгез е ѕвезда во горниот лев агол (розова стрелка) во триаголникот на сјајни звезди од Орион.
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Орион
Ректасцензија 05ч 55м 10.3053с[1]
Деклинација +07° 24′ 25.426″[1]
Привидна величина (V) 0.58[1] (0.3 to 1.2)
Карактеристики
Спектрален тип M2Iab[1]
U−B боен показател 2.06[1]
B−V боен показател 1.85[1]
Променлив тип SR c[1] (полупроменлива)
Астрометрија
Радијална брзина (Rv) +21.0[1] км/с
Сопствено движење (μ) Рек.: 24.95 ± 0.08[2] млс/г
Дек.: 9.56 ± 0.15[2] млс/г
Паралакса (π) 5.07 ± 1.10[2] млс
Оддалеченост approx. 600 сг
(approx. 200 пс)
Апсолутна величина (MV) −5.14
Податоци
Маса 20[3] M
Радиус 950-1000<[4] R
Површинска гравитација (log g) -0.5[5]
Сјајност 135,000[6] L
Температура 3,500[7] K
Ротација 17 years (14.6 km/s)[8]
Старост 1.0 × 107 години
Други ознаки

Бетелгез (α Ori, α Orionis, Alpha Orionis) е полупроменлива ѕвезда сместена на приближно 600 светлосни години од Земјата.[1][2] Таа е втора по сјајност ѕвезда во соѕвездието Орион и деветта ѕвезда по сјајност на ноќното небо.

Иако Бетелгез има ѕвездена ознака алфа, Ригел (бета Орион) обично е посветла. Тоа е затоа што Бетелгез е променлива ѕвезда. Ѕвездата има вертекс на зимскиот триаголник. Астрономите веруваат дека Бетелгез е стара само неколку милиони години, но дека брзо еволуира поради големата маса.[9]

Бетелгез е црвен супер џин и релативно светла ѕвезда, и се наоѓа на списокот на најголемите познати ѕвезди. За споредба, да се наоѓа во центарот на нашиот Сончев систем (наместо нашето Сонце), ќе се протега сè до орбитите меѓу Марс и Јупитер, односно потполно ќе го заземе просторот во кој се наоѓаат планетите Меркур, Венера, Земја и Марс. Аголната големина на Бетелгез првпат е измерен во 1920-1921 година од страна на Алберт Абрахам Мичелсон и Френсис Пез со помош на астрономски интерферометар и телескоп од 2,5 метри поставен во опсерваторија на планината Вилсон.

Етимологија[уреди]

Името доаѓа од арапското يد الجوزاء yad al-jawzā, раката на главниот. Арапите порано соѕвездието Близнаци го нарекувале Jauza („главниот“) но подоцна со тоа име го нарекувале Орион. Се појавила грешка при транслитерација на името на латински од страна на Европјаните во среден век, што довело до испуштање на буквата y (, со две точки долу) која била прочитана како b (, само со една точка долу). Во текот на Ренесансата името на оваа ѕвезда било запишано како Bait al-Jauza со значење пазувата на главниот. Натаму се дошло до модерната верзија на името Бетелгез,[10] а во 1899 година Ричард Хинкли Ален повторно по грешка, оригиналното име го запишал како Ibţ al Jauzah).[11] На германски, името на оваа ѕвезда е уште повеќе грешно: Beteigeuze, поради тоа што буквата л е погрешно препишана како и.

Поради црвената боја на оваа ѕвезда, наречена е и „воинствена ѕвезда“, а во астрологијата Бетелгез носи воени и цивилни почести. Оваа сјајна ѕвезда има многу други имиња:

Во Кина, Бетелгез е позната како 参宿四 (Shēnsùsì, Четврата Ѕвезда од Соѕвездието на Трите Ѕвезди), бидејќи соѕвездието на Трите Ѕвезди било име само за трите ѕвезди од појасот на Орион.

Bo јапонски, Бетелгез е позната како 平家星 (Heikebosì, Ѕвездата на Heike клан). [12][13],

Набљудувања[уреди]

Променливоста на Бетелгез во сјајноста првпат е опишана од страна на Сер Џон Хершел во 1836 година кога ги објавил своите набљудувања на ѕвездата во Каток преглед на астрономијата, забележувајќи дека променливоста расте меѓу 1836-1840 година, а потоа повтроно опаѓа. Во 1849 година забележал краток круг на променливост кој ослабел во 1852 година. Записите на американското Здружение за набљудување на променливи ѕвезди покажуваат максимална сјајност на магнитудата 0,2 во 1933 и 1942, со минимална под магнитудата 1,2 во 1927 и 1941.[14]

Во 1919 година, Алберт Мичелсон и Френсис Пез поставиле 6 метарски интерферометар пред телескоп од два и пол метри во опсерваторијата на планината Вилсон. Со помош на Џон А. Андерсон, во декември 1920 година го измериле аголната големина на Бетелгез како 0,047  секунди. Со додавање на тогашната вредност на паралаксата од 0,018 секунди, добиле просечна вредност на радиусот од 3,84 × 108 km.[15][16] Последните мерења на Бетелгез покажуваат дијаметар кој варира меѓу 0,0568 и 0,0592 арксекунди.

Судбината на Бетелгез[уреди]

Податотека:Betelgeuse star (Hubble).jpg
Бетелгез сликана во ултравиолетова светлина од телескопот Хебл Спејс, а потоа зголемена од НАСА. Светлата бела точка е најверојатно еден од половите.[17][18]

Многу е веројатно дека Бетелгез ќе се претвори во супернова.[19][20] Имајќи ја предвид неговата големина и очигледната младост од само 8,5 милиони години, може да експлодира во текот на наредните илјада години, или веќе експлодирала.[19] Бидејќи неговата оска на ротација не е кон Земјата, Бетелгез како супернова нема да предизвика експлозија на гама зраци во правец на Земјата кои би го загрозиле нашиот екосистем, иако е релативно блиску, околу 640 светлосни години од нас.[19] Како и да е, Бетелгез како супернова може да ја засени Месечината на ноќното небо.[19]

Народни верувања во Македонија[уреди]

Бетелгез кај народот во Македонија е позната под името Орач, Терач (Сопотница и Суво Грло) или Рале (Пештани). За оваа ѕвезда се знае во речиси сите села и е дел од основните „белези“ на небото. Соѕвездието Орион во кое се наоѓа, кај народот се нарекува Ралици, сликовито претставено како рало со волови, при што орачот се наоѓа малку подалеку од ралото.[21]

Бетелгез во литературата[уреди]

  • Во трилогијата на Френк Херберт „Универзумот Дина“, се споменува планетарен систем со име Бел Тегез, што е веројатно извртено име за Бетелгез.
  • Во новелата „Сирените на Титан“ од 1959 година, на Курт Вонегат, ликот Винстон Нилс Ремфурд и неговото куче Казак постојат како „брановиден феномен“, кој започнува на Сонцето и завршува на Бетелгез.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 1,9 „SIMBAD query result: V* alf Ori -- Semi-regular pulsating Star“. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. http://simbad.u-strasbg.fr/simbad/sim-id?Ident=betelgeuse. конс. 20 јуни 2007. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 (5), Table 6, A New VLA-Hipparcos Distance to Betelgeuse and its Implications, Graham M. Harper, Alexander Brown, and Edward F. Guinan, The Astronomical Journal 135, #4 (April 2008), pp. 1430–1440, Bibcode2008AJ....135.1430H, doi:10.1088/0004-6256/135/4/1430.
  3. astro.uiuc.edu, Betelgeuse (Alpha Orionis) - Update 2008, Stars, Jim Kaler, retrieved 9 октомври 2008.
  4. astro.uiuc.edu, Betelgeuse (Alpha Orionis) - Update 2008, Stars, Jim Kaler, retrieved 9 октомври 2008.
  5. Lobel, A.; Dupree, A. K. (2000). "Modeling the Variable Chromosphere of α Orionis". The Astrophysical Journal 545: 454–474. doi:10.1086/317784. http://www.journals.uchicago.edu/doi/full/10.1086/317784.
  6. astro.uiuc.edu, Betelgeuse (Alpha Orionis) - Update 2008, Stars, Jim Kaler, retrieved 9 октомври 2008.
  7. Lobel, A.; Dupree, A. K. (2000). "Modeling the Variable Chromosphere of α Orionis". The Astrophysical Journal 545: 454–474. doi:10.1086/317784. http://www.journals.uchicago.edu/doi/full/10.1086/317784.
  8. Uitenbroek, H.; Dupree, A. K.; Gilliland, R. L. (1998). "Spatially Resolved Hubble Space Telescope Spectra of the Chromosphere of α Orionis". The Astronomical Journal 116: 2501–2512. http://www.iop.org/EJ/article/1538-3881/116/5/2501/980184.html.
  9. „Betelgeuse“. „SolStation“. http://www.solstation.com/x-objects/betelgeuse.htm. конс. 11 ноември 2005. 
  10. Kunitzsch, Paul, and Smart, Tim (2006). „A Dictionary of Modern Star Names“. Cambridge, MA: Sky Publishing. стр. 45. ISBN 9781931559447. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 11,7 Allen, Richard Hinckley (1963). „Star Names: Their Lore and Meaning“ (Revised edition издание). New York: Dover Publications. ISBN 0486210790. 
  12. "en:Daijirin" p.2327 ISBN:4385139024
  13. en:Hōei Nojiri"Shin seiza jyunrei"p.19 ISBN: 9784122041288
  14. Burnham, Robert (1978). „Burnham's Celestial Handbook: An Observer's Guide to the Universe Beyond the Solar System, Volume 2“. New York: Courier Dover Publications. стр. 1290. ISBN 0486235688. 
  15. Michelson, A. A.; Pease, F. G. (1921). „Measurement of the diameter of alpha Orionis with the interferometer“. „Astrophysical Journal“ 53: 249–259. doi:10.1086/142603. http://adsabs.harvard.edu/abs/1921ApJ....53..249M. конс. 20 јуни 2007. 
  16. Staff (November 2000). „Pease, Francis G (1881–1938)“. Encyclopedia of Astronomy and Astrophysics. http://eaa.crcpress.com/default.asp?action=summary&articleId=3915. конс. 20 јуни 2007. 
  17. Жолто/црвената „слика“ или „фотографија“ на Бетелгез што најчесто се прикажува, всушност не е слика на црвениот џин, туку математички произведена слика врз основа на фотографијата. Фотографијата е со многу пониска резолуција: целата слика на Бетелгез е 10x10 пиксели.
  18. Gilliland, Ronald. „First Image of the Surface of a Star with the Hubble Space Telescope“. Astrophysical Journal Letters v.463, p.L29. http://adsabs.harvard.edu/cgi-bin/nph-bib_query?bibcode=1996ApJ...463L..29G. 
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 Betelgeuse could explode as a supernova » Radio Podcasts | Earth & Sky
  20. astro.uiuc.edu, Betelgeuse (Alpha Orionis) - Update 2008, Stars, Jim Kaler, retrieved 9 октомври 2008.
  21. Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 59.