Лачна минута

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Една аголна секунда е еднаква на аголот под кој гледаме фудбалска топка на растојание од околу 45 километри

Лачна минута или аголна минута (лм, анг. MOA) — единица мерка за агол, еднаква на една шеесеттина (160) степен. Лачната секунда пак, претставува една шеесеттина (160) од лачната минута. Ова не се SI-единици, но се прифаќаат при пресметки кајшто фигурираат единиците на SI.[1]

Бидејќи еден степен е една триста и шеесеттинка (1360) од кружницата, 1 лачна минута изнесува 121.600 од истото. Наоѓа примена во областите што бараат прецизно изразување на мали агли, како што се астрономијата, морепловството и стрелаштвото.

Бројот на квадратни лачни минути во една сфера е

4 \pi \left(\frac{1}{\pi}10\,800\right)^2 = \frac{1}{\pi}466\,560\,000,

или околу 148.510.660,498 квадратни лачни минути.

Лачната асекунда изнесува 13.600 од еден степен, 11.296.000 од кружницата или (π648.000) радијани, што е приближно на 1206.265 радијан.

За изразување на уште помали агли се користат стандардните SI-претставки. Меѓу другото, во астрономијата се среќава милилачна секунда, со кратенка млс (mas).

Симболи и кратенки[уреди]

Стандардниот симбол за лачната минута е примот (′) (U+2032), но напати се среќава и единечен наводник (') (U+0027) на места кајшто се допуштени само знаци по ASCII. Една лачна минута се претставува како 1′. Кратенки се: ламин (arcmin) или лмин (amin), и поретко, прим со циркумфлекс (\hat{'}).

Стандардниот симбол за лачна секунда е двојниот прим (″) (U+2033), а се среќаваат и наводници (") (U+0022) онаму кајшто се допуштени само знаци по ASCII. Една лачна секунда се претставува како 1″. Кратенки се: ласек (arcsec) или лсек (asec).

Шеесетеречниот систем на мерење агли
Единица Вредност Симбол Кратенки Во радијани (прибл.)
Степен 1360 кружница ° степ, deg 17,4532925 mrad
Лачна минута 160 степен ′ (прим) ламин, лмин, АМ, arcmin, amin, \hat{'}, MOA 290,8882087 µrad
Лачна секунда 160 лачна минута ″ (двоен прим) ласек, arcsec 4,8481368 µrad
Милилачна минута 11000 лачна секунда   млс, mas 4,8481368 nrad
Микролачна минута 1 × 10−6 лачна секунда   μлс, μas 4,8481368 prad

Во небесната навигација, лачните секунди ретко се користат при пресметки, бидејќи се претпочитаат степени, минути и минутни децимали, што се претставуваат во обликот 42° 25′,32 or 42° 25′,322[2][3](или со точки во многу земји). Овој начин на запис има прејдено и во поморските GPS-приемниците, кои по основно ја прикажуваат географската ширина и должина во второспоменатиот формат.[4]

Примена[уреди]

Картографија[уреди]

Во картографијата и морепловството се применуваат аголните минути (а со тоа и аголните секунди, ас или SOA, еднакви на една шеесеттина ам). На морско ниво, една аголна минута (околу екваторот или меридијан) е еднаква на приближно 1,86 км, околу една наутичка милја (приближноста доаѓа оттаму што Земјата е малку сплесната). Една аголна секунда е една шеесеттинка од овој износ: околу 30 метри.

Местоположбата по традиција се претставува во аголни степени, минути и секунди, и тоа во две величини: една за географска ширина (аголот северно или јужно од екваторот) и една за географска должина (аголот источно или западно од нултиот меридијан). На овој начин можеме точно да ја наведеме било која местоположба на Земјата или над нејзиниот упатен елипсоид. Меѓутоа овој систем има основа 60, што се смета за незгодно, па затоа денес многумина ги наведуваат само степените, изразени во децимален облик за да добие истата прецизност. Степените изразени до три децимални места (11.000 степен) имаат 14 од прецизноста на обликот степени-минути-секунди (13.600 степен), и затоа ги претставуваат местоположбите со радиус на точност од 120 метри.

Астрономија[уреди]

Лачната минута и лачната секунда се користат и во астрономијата. Во степените (а со тоа во лачните минути) се изразува деклинацијата, или аголното растојание северно или јужно од небесниот екватор. Лачната секунда честопати се среќава како мерка за паралакса, поради мошне малите агли на ѕвездената паралакса, и мошне малата аголна големина, т.е. пречник (на пр. Венера се менува од 10′ до 60′). Паралаксата, сопственото движење и аголната големина на една ѕвезда може да се претстави во милилачни секунди (млс, mas), или пак во илјадинки од лачна секунда. Единицата парсек се осднесува на тие лачни секунди, како кратенка од „паралаксна секунда“.

Освен Сонцето, ѕвездата со најголема аголна големина од Земјата е R Златна Рипка, што е црвен суперџин со пречник од 0,05 лачни секунди. Поради атмосферското поматување, земските телескопи ја заматуваат сликата на ѕвездата до аголна големина од околу 0,5 лачни секунди. Во услови на лоша видливост ова се накачува до 1,5 лачни секунди, па дури и повеќе. Џуџестата планета Плутон е тешка за отсликување бидејќи аголната големина ѝ изнесува околу 0,1 лачни секунди.[5] Ова е како да гледаме топче за пинг-понг (40 мм) на растојание од 80 км.

Вселенските телескопи со не се засегнати од Земјината атмосфера, но имаат ограничувања поради прекршувањето на светлината. На пример, вселенскиот телескоп „Хабл“ досега до ѕвезди со аголна големина од 0,1″. Постојат техники за подобрување на видливоста на земјата. Еден метод е адаптивната оптика, кој дава слики од околу 0,05 лачни секунди на телескоп од 10-метарска класа.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Единици вон SI што се прифаќаат за упореба со SI и единици засновани на фундаментални константи - МБТМ (англиски)
  2. „КУРС ПО НЕБЕСНА НАВИГАЦИЈА“. Меѓународна навигациона школа. http://www.learntonavigate.com/celestial.htm. конс. 4 ноември 2010. „Ова е едноставен метод [за утврдување на местоположбата на море] и не бара математички пресметки освен собирање и одземање на степените, минутите и минутните децимали“  (англиски)
  3. „Преглед на потребни сознанија во астронавигацијата“. http://www.kumquat-data.com/Astro%20Navigation%20Syllabus.htm. конс. 4 ноември 2010. „[Грешките при користењето на секстантот] понекогаш се [наведени] во лачни секунди, и треба да се претворат во децимални степени за да можат да влезат во пресметката.“  (англиски)
  4. „Shipmate GN30“. Norinco. http://norinco.co.in/NCMS/index.php?option=com_content&task=view&id=53&Itemid=81. конс. 4 ноември 2010.  (англиски)
  5. Преглед на податоци за Плутон - НАСА (англиски)