Белатрикс
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 |
|
|---|---|
| Соѕвездие | Орион |
| Ректасцензија | 05h 25m 07.9s |
| Деклинација | +06° 20' 59" |
| Привидна величина (V) | 1.64 |
| Карактеристики | |
| Спектрален тип | B2 III |
| U−B боен показател | -0.87 |
| B−V боен показател | -0.22 |
| Променлив тип | Eruptive |
| Астрометрија | |
| Радијална брзина (Rv) | +18.2 км/с |
| Сопствено движење (μ) | Рек.: -8.75 млс/г Дек.: -13.28 млс/г |
| Паралакса (π) | 13.42 ± 0.98 млс |
| Оддалеченост | 240 ± 20 сг (75 ± 5 пс) |
| Апсолутна величина (MV) | -2.72 |
| Податоци | |
| Маса | 8-9 M☉ |
| Радиус | 5.7 R☉ |
| Сјајност | 4,000 L☉ |
| Температура | 21,500 K |
| Металичност | ? |
| Ротација | ? |
| Старост | ? години |
| Други ознаки | |
Белатрикс (γ Ori / γ Orionis), или Гама Орион, е трета по сјајност ѕвезда од соѕвездието Орион и дваесет и седма од списокот на најсјајни ѕвезди на ноќното небо.
Името Белатрикс е латински назив за жена воин. Позната е и како Амазонска Ѕвезда. Се смета дека припаѓа на групата ѕвезди од соѕвездието Орион, но денес е познато дека можеби и не е дел од нив, бидејќи е многу поблиску до нас од останатите ѕвезди од таа група.
Низ историјата оваа ѕвезда се користела како стандард за сјајност со која астрономите ги споредувале другите ѕвезди. Но подоцна е откриено дека е еруптивно променлива, и дека сјајноста ја менува за неколку проценти во текот на времето. Магнитудата на Белатрикс е меѓу 1,59 до 1,64.
Се наоѓа на далечина од 240 светлосни години од Земјата.