Алнилам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Epsilon Orionis
Epsilon Orionis
Алнилам го осветлува NGC 1990.
Фотографија на Глен Јуман.
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Орион
Ректасцензија 05h 36m 12.8s
Деклинација −01° 12′ 06.9″
Привидна величина (V) 1.70
Карактеристики
Спектрален тип B0 Iab
U−B боен показател −1.03
B−V боен показател −0.19
Променлив тип Alp Cyg
Астрометрија
Радијална брзина (Rv) 25.9 км/с
Сопствено движење (μ) Рек.: 1.49 млс/г
Дек.: −1.06 млс/г
Паралакса (π) &100000000000002430000002,43 ± &100000000000000910000000,91 млс
Оддалеченост approx. 1300 сг
(approx. 400 пс)
Апсолутна величина (MV) −6.4
Податоци
Маса 40 M
Полупречник 26 R
Сјајност 375,000 L
Температура 25,000 K
Металичност ?
Ротација ~87 km/s
Старост 4 × 106 години
Други ознаки
Alnilam, Alnihan, Alnitam, 46 Orionis, HR 1903, BD -01°969, HD 37128, SAO 132346, FK5 210, HIP 26311, TD1 4963.
Наводи во бази
SIMBAD податоци

Алнилам или Епсилон Орионис (ε Ori / ε Orionis) е голема плава ѕвезда од соѕвездието Орион. Нејзината ознака е `46 Orionis`.

Оваа ѕвезда е 30 ѕвезда по сјајност на небото (четврта по сјајност во Орион) и како плав супер џин е една од најпознатите светлосни ѕвезди воопшто. Заедно со Минтака (Делта Орионис) и Алнитак (Зета Орионис), го оформуваат појасот на Орион познат по различни имиња во древните култури. Алнилам е средната ѕвезда.

Таа е една од 57-те ѕвезди што се користат за небесна навигација. За средните латитуди, Алнилам е највисоката точка на небото на полноќ на 15 декември.

Релативно едноставниот спектар на Алнилам е корисен за проучување на меѓуѕвездениот простор. Во текот на наредните милион години, оваа ѕвезда може да се претвори во црвен супер џин и да експлодира како супернова. Опколена е со молекуларен облак NGC 1990.

Низ историјата[уреди]

Името Алнилам доаѓа од арапското النظام an-niżām, со значење „ѓердан од бисери“. Други називи за оваа ѕвезда се Алнихан и Алнитам,[1] но се сметаат за погрешна транслитерација.

Појасот Орион[уреди]

Трите ѕвезди од појасот Орион се познати по различни имиња низ разните култури. Постојат повеќе арапски термини за нив: Al Nijād 'Појас', Al Nasak 'Линија', Al Alkāt 'Златно Зрно'. Во кинеската митологија овие три ѕвезди биле познати како `Легнат Мост`.[1]


Овие три ѕвезди наводно влијаеле врз изградбата на Пирамидите во Гиза.


Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Richard Hinckley Allen, Star-names and their meanings (1936), p. 314-15.