SIMBAD

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

СИМБАД или SIMBAD (кратенка од „Set of Identifications, Measurements, and Bibliography for Astronomical Data“, односно „Збир на идентификации, димензии и библиографија за астрономските податоци“) е астрономска база на податоци за објектите надвор од Соларниот систем. Оваа база на податоци ја одржува Центарот за астрономски податоци од Стразбур (CDS), Франција.

СИМБАД е создаден со спојување на Каталогот на ѕвездената идентификација (CSI) и Индексот на библиографија на ѕвездите кои постојат во компјутерскиот центар Меудон, Франција, од 1979 година, а подоцна се проширени со дополнителни извори на податоци од други каталози и од академската литература. Првата интернет интерактивна верзија, позната како Верзија 2, создадена е за користење во 1981 година. Верзија 3, создадена во програмскиот јазик C, пуштена е во опсерваторијата Стразбур во 1990 година. Есента 2006 година се појави Верзија 4, заедно со софтвер за поддршка, овој пат создаден во програмскиот јазик Јава.

Од 14 јуни 2007 година, СИМБАД содржи информации за 3.824.195 објекти со 11.200.785 различни имиња, 209.451 библиографски референци, и 5.455.841 библиографски наводи.

Астероидот 4692 SIMBAD (1983 VM7) е наречен во негова чест.

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]