Сончева сјајност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Сончева сјајност (симбол: \begin{smallmatrix}L_\odot\end{smallmatrix}) е единица сјајност (луминозитет) или зрачен тек (моќ израчена во облик на фотони) во астрономијата со чија помош се утврдува сјајноста на ѕвездите. Една сончева јајност е еднаква на тековно прифатената сјајност на Сонцето, што изнесува 3,839×1026 W, или 3,839×1033 ерг/с.[1] Ако покрај електромагнетното, го вброиме и неутринското зрачење, вредноста е малку повисока: 3,939×1026 W (еднакво на 4,382×109 кг/с или 2,107×10−15 M/d).[2] Сонцето е слаба променлива ѕвезда и затоа неговата сјајност е колеблива. Главните варијации се одвиваат во текот на единаесетгодишниот сончев циклус (циклус на сочевите дамки), што префизвикува периодично колебање од ±0,1%. Сите други варијации во текот на последните 200–300 години се сметаат за многу помали.[2]

Определување[уреди]

Сончевата сјајност е тесноповрзана со сончевата озрачителност (ирадијанса) што се утврдува на Земјата или од сателити во нејзината орбита. Средната озрачителност врз земјината атмосфера понекогаш се нарекува сончева константа, \begin{smallmatrix}I_\odot\end{smallmatrix}. Озрачителноста се дефинира како моќ на единица површина, па затоа сончевата сјајност (вкупна моќ израчена од Сонцето) е озрачителноста што ја прима Земјата (сончевата констанда) помножена со плоштината на сферата чиј радиус е средното растојание помеѓу Земјата и Сонцето :

L_\odot = 4\pi kI_\odot A^2\,

каде A е единицата растојание (вредноста на астрономската единица во метри), а k е константа (чија вредност е мошне блиску до 1), што се должи на тоа што средното растојание од Земјата до Сонцето не изнесува точно една астрономска единица.

Наводи[уреди]

  1. Carroll, Bradley W. (2007), „An Introduction to Modern Astrophysics“, Pearson Addison-Wesley, стр. Appendix A, ISBN 0-8053-0402-9 
  2. 2,0 2,1 Noedlinger, Peter D., „Solar Mass Loss, the Astronomical Unit, and the Scale of the Solar System“, „Celest. Mech. Dynam. Astron.“ 

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]