Антарес

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Antares A/B

Antares 3° region on DSS2 all sky survey
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Скорпија
Ректасцензија 16ч 29м 24с[1]
Деклинација -26° 25′ 55″[1]
Привидна величина (V) +0.9~1.8, Average: +1.09[1]
Карактеристики
Спектрален тип M1.5Iab-b / B2.5V[1]
U−B боен показател 1.34
B−V боен показател 1.87
Променлив тип LC-type
Астрометрија
Радијална брзина (Rv) −3.4[1] км/с
Сопствено движење (μ) Рек.: −10.16[1] млс/г
Дек.: −23.21[1] млс/г
Паралакса (π) 5.40 ± 1.68[1] млс
Оддалеченост approx. 600 сг
(approx. 190 пс)
Апсолутна величина (MV) −5.28
Податоци
Маса 15.5 M
Радиус 700 R
Сјајност 65,000(bolometric) L
Температура 3,500 K
Други ознаки
α Scorpii,[1] 21 Sco,[1] Cor Scorpii, Kalb al Akrab, Scorpion's Heart, Vespertilio, HR 6134,[1] CD -26°11359,[1] HD 148478,[1] SAO 184415,[1] FK5 616,[1] WDS 16294-2626, CCDM J16294-2626A/B,[1] HIP 80763.[1]
Наводи во бази
SIMBAD податоци

Антарес (α Scorpii / Alpha Scorpii) е црвена суперџин ѕвезда во галаксијата Млечен Пат и шеснаесетта најсјајна ѕвезда на ноќното небо (понекогаш се смета за петнаесетта, доколку двете сјајни ѕвезди од системот Капела се бројат како една ѕвезда). Заедно со Алдебаран, Спица, и Регулус е една од четирите најсјајни ѕвезди блиску до еклиптиката. Антарес е променлива ѕвезда, со привидна магнитуда од +0,9 до +1,8.

Споредба меѓу црвениот суперџин Антарес и нашето Сонце, кое е претставено како мала точка горе десно. Црниот круг ја претставува орбитата на Марс. Ѕвездата Арктурус е исто така вклучена на сликава заради споредба.


Најдобро време за да се види Антарес е околу 31 мај секоја година, кога ѕвездата е наспроти Сонцето. Тогаш, Антарес изгрева на самрак и заоѓа во зора, така што е видлива цела ноќ. Во време од две до три недели околу 30 ноември, Антарес воопшто не се гледа поради блесокот на Сонцето. Овој период на невидливост е подолг на северната хемисфера отколку на јужната.

Надворешни врски[уреди]


Наводи[уреди]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 „SIMBAD Astronomical Database“. „Results for CCDM J16294-2626A/B“. http://simbad.u-strasbg.fr/Simbad. конс. 23 октомври 2006.