Млечен Пат
Инфрацрвена слика на јадрото на галаксијата „Млечен пат“ |
|
| Датум на набљудување | |
|---|---|
| Тип | SBbc (спирална галаксија) |
| Пречник | 100,000 светлосни години |
| Дебелина | 1,000 светлосни години (ѕвезди) |
| Број на ѕвезди | 200 дп 400 милијарди |
| Најстара позната ѕвезда | 13.2 милијарди години[1] |
| Маса | 5.8×1011 M☉ |
| Оддалеченост на сонцето од галактичкиот центар | 26,000 ± 1,400 светлосни години |
| Сончев галактички период на ротација | 220 милиони години (негативна ротација) |
| Период на спирална ротација | 50 милиони години[2] |
| Bar pattern rotation period | 15 до 18 милиони години[2] |
| Speed relative to CMB rest frame | 552 km/s[3] |
| Поврано: Галаксија, Список на галаксии | |
Млечен Пат (на латински Via Lactea, со корени во грчкиот термин Γαλαξίας (Galaxias) ), е спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од билијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на нашиот сончев систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар.
Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 билиони ѕвезди.
Содржина |
Старост [уреди]
Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 билиони години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.
Местото на нашето Сонце во галаксијата Млечен Пат [уреди]
Сонцето, а со тоа и Земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Раката на Орион, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсека од галактичкиот центар. Далечината меѓу Орионовата рака и Раката на Персеј која е следна изнесува 6,500 светлосни години.
На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда.
Иднината на Млечен Пат [уреди]
Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 билиони годиниа. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу билион години.
Народни верувања во Македонија [уреди]
Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[4]
Референци [уреди]
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имеfrebel. - ↑ 2,0 2,1 Bissantz, Nicolai (2003). „Gas dynamics in the Milky Way: second pattern speed and large-scale morphology“. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ 340: 949. doi:. arΧiv:astro-ph/0212516.
- ↑ Kogut, A.; Lineweaver, C.; Smoot, G. F.; Bennett, C. L.; Banday, A.; Boggess, N. W.; Cheng, E. S.; de Amici, G.; Fixsen, D. J.; Hinshaw, G.; Jackson, P. D.; Janssen, M.; Keegstra, P.; Loewenstein, K.; Lubin, P.; Mather, J. C.; Tenorio, L.; Weiss, R.; Wilkinson, D. T.; Wright, E. L. (1993). „Dipole Anisotropy in the COBE Differential Microwave Radiometers First-Year Sky Maps“. „Astrophysical Journal“ 419: 1. doi:. http://adsabs.harvard.edu/cgi-bin/nph-bib_query?bibcode=1993ApJ...419....1K. проверено на 2007-05-10.
- ↑ Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 71-72.