VY Големо Куче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
VY Canis Majoris
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Големо Куче
Ректасцензија 07h 22m 58,29s
Деклинација −25° 46′ 03.5″
Привидна величина (V) 9,527
Споредба на големината на VY Големо Куче со големината на Сонцето

VY Големо Куче (латински: VY Canis Majoris) — црвена џиновска ѕвезда којашто се наоѓа во соѕвездието Големо Куче. VY Големо Куче е една од најголемите и една од најсјајните познати ѕвезди. Од Земјата е оддалечена 1,2 килопарсеци (околу 3.900 светлосни години). Ѕвездата VY Големо Куче е единечна ѕвезда и се вбројува во ѕвездите така наречени полупериодично променливи ѕвезди со период приближно еднаков на 2000 дена. Просечната густина се движи од 5 до 10 мг/м³.


Природа на ѕвездата Големо Куче[уреди]

Првите записи од набљудувања на VY Големо Куче се во каталогот на Џером Лаланди, од 7 март 1801 г, во кој VY Големо Куче е сместена како ѕвезда од 7 ма магнитуда. Во подоцнежните набљудувања утврдено е дека сјајот на VY Големо Куче постепено се намалува. Со раните набљудувања забележани се повеќе аномалии во фотографиите кои довеле до мислењето дека VY Големо Куче е збир од повеќе ѕвезди, но во подоцнежниот период со појавата на снимки со подобри резолуции забележано е дека околу VY Големо Куче постои маглина, причина за таквите мислења. Во 1998 година со високо дефинирани снимања на VY Големо Куче утврдено е дека се работи за единечна ѕвезда, односно VY Големо Куче нема сопатничка ѕвезда.

VY Големо Куче е ѕвезда со висока сјајност и според спектарот се класифицира како М - ѕвезда со површинска температура од околу 3.500 К, со што истата се сместува во горниот десен агол на Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм, со што се означува дека станува збор за ѕвезда во подоцнежна развојна фаза. Во временскиот период кога VY Големо Куче се наоѓала на главната низа на дијаграмот, ѕвездата според спектарот ќе се вбројувала во ѕвезди со спектар О и маса од 15 до 35 M☉ (сончеви маси).

Големина[уреди]

Според некои научници, VY Големо Куче е со радиус 1420 ± 120 пати поголем од оној на Сонцето. Доколку VY Големо Куче се наоѓаше во Сончевиот систем тогаш дијаметарот на истата ќе се протега до орбитата на планетата Сатурн.

VY Големо Куче е црвен хиперџин. Има дијаметар од скоро 1.975.000.000 км. Нашето Сонце е околу милијарда пати помало од оваа ѕвезда. Засега таа е една од најпознатите најголеми ѕвезди во нашата галаксија, од оние кои му се познати на човекот.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]