Скорпија (соѕвездие)
| Соѕвездие | |
Список на ѕвезди во соѕвездието Скорпија |
|
| Кратенка | Sco |
|---|---|
| Генитивно | Scorpii |
| Ректасцензија | 16 hrs. 53 min. 15 sec. ч. |
| Деклинација | −30° 44' 12"° |
| Површина | 497 (°)² (33rd) |
| Главни ѕвезди | 15 |
| Бајерови/Флемстидови ѕвезди |
47 |
| Ѕвезди со планети | 7 |
| Ѕвезди посјајни од 3,00m | 13 |
| Ѕвезди во радиус од 10,00 пс (32,62 сг) | 3 |
| Најсјајна ѕвезда | Антарес (α Sco) (0.96m) |
| Најблиска ѕвезда | HD 156384 ( сг, пс) |
| Месијеови објекти | 4 |
| Метеорски дождови | Alpha Scorpiids Omega Scorpiids |
| Соседни соѕвездија |
Стрелец Змијоносец Вага Лупус Норма Ара Корона Аустралис |
| Видливо на ширина од +40° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец July. |
|
Скорпија е едно од соѕвездијата од зодијакот, и како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Scorpio значи скорпија, а неговиот симбол е
. Се наоѓа меѓу соѕвездијата Вага на запад и Стрелец на исток. Ова е големо соѕвездие сместено а јужната хемисфера блиску до центарот на галаксијата Млечен Пат.
Содржина |
Карактеристики [уреди]
Ѕвезди [уреди]
Соѕвездието Скорпија содржи многу сјајни ѕвезди, меѓу кои Антарес (α Sco), β1 Sco (Graffias), δ Sco (Dschubba), θ Sco (Sargas), λ Sco (Shaula), ν Sco (Jabbah), ξ Sco (Grafias), π Sco (Iclil), σ Sco (Alniyat), τ Sco (исто така позната како Alniyat) и υ Sco (Lesath).
Митологија [уреди]
Во старогрчката митологија, соѕвездието Скорпија понекогаш се идентификува со скорпијата која ја испратила божицата Хера (или Геа) за да го убие ловецот Орион. Соѕвездието Орион се наоѓа наспроти соѕвездието Скорпија на ноќното небо, што се смета за божествена вниматилност да не се повтори на небото смртното непријателство.
Скорпијата исто така се појавува и во една верзија на приказната за Фаетон, смртниот син на Хелиос, сонцето. Фаетон замолил да ја вози сончевата кочија на еден ден, но ја изгубил контролата. Коњите се исплашиле од небесната скорпија чии клешти биле спремни да нападнат, и кочијата диво летала низ небото.
Астрологија [уреди]
Во западната астрологија знакот Скорпија е од 23 октомври до 21 ноември, а тоа се разликува од сидералниот зодијак, каде Скорпијата е од 16 ноември до 16 декември. Астрономски, сонцето минува низ Скорпија само за една недела, и тоа од 23 ноември до 30 ноември.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Скорпија (соѕвездие)“ |
Наводи [уреди]
- Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
|
|||||||
