Паралакса

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Упростена илустрација на паралакса на еден предмет наспроти оддалечена позадина поради поместување на перспективата. Гледајќи од „Гледиште А“, предметот изгледа како да стои пред синиот квадрат. Ако смениме на „Гледиште Б“, предметот привидно се поместил пред црвениот квадрат.
Оваа анимација е пример за паралакса. Како што се поместува аголот на гледање, предметите кои се подалеку изгледа како да се движат побавно отколку објакетите кои се поблиску до камерата.

Паралакса е видливото поместување или разликата во ориентацијата на предметот гледан од две различни страни, а се мери преку аголот или полуаголот на наклонот меѓу двете видни линии.[1][2] Поимот потекнува од грчкото παράλλαξις (паралаксис), што значи „промена“.

Блиските предмети имаат поголема паралакса од пооддалечените кога се гледаат од различни позиции, па според тоа паралаксата се користи за одредување на далечината. Во астрономијата, паралаксата е единствениот директен метод преку кој може да се измери оддалеченоста на небесните тела (посебно на ѕвездите) што се наоѓаат надвор од нашиот Сончев систем.

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „паралакса“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. Шаблон:Cite dictionary
  • Whipple, Fred L. (2007), „Earth Moon and Planets“, Read Books, ISBN 1406764132