Венера (планета)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За римската божица на љубовта и убавината видете: Венера (божица)
Венера  Астрономскиот симбол на Венера
Венера
Вистинската боја на Венера
Епоха J2000
Апхелион 108,942,109 km
0.728 231 28 AU
Перихелион 107,476,259 km
0.718 432 70 AU
Голема полуоска 108,208,930 km
0.723 332 AU
Занесување 0.006 8
Орбитален период 224.700 69 ден
0.615 197 0 год
Синодички период 583.92 денови[1]
Просечна
орбитална брзина
35.02 km/s
Наклон 3.394 71°
3.86° према екваторот на Сонцето
Долж. на
извиш. израсток
76.670 69°
Аргумент на перихелионот 54.852 29°
Сателити Нема
Физички особености
Среден радиус 6 051.8 ± 1.0 km[2]
0.949 9 Земји
Сплеснатост < 0.000 2[2]
Површина 4.60×108 km²
0.902 Земји
Зафатнина 9.38×1011 km³
0.857 Земји
Маса 4.868 5×1024 kg
0.815 Земји
Средна густина 5.204 g/cm³
Гравитација на екваторската површина 8.87 m/s2
0.904 g
II вселенска брзина 10.46 km/s
Период на околуѕвездено свртување 243.018 5 ден
Брзина на екваторско свртување 652 км/ч (181 m/s)
Осен наклон 177.3°[1]
Рекстацензија на сев. пол 18 h 11 min 2 s
272.76°[3]
Деклинација на сев. пол 67.16°
Албедо 0.65[1]
Темп. на површината
   Келвини
   Целзиуси
мин. средна макс.
735 K[4][5]
461.85 °C
Привидна величина до -4.6[1]
Аголна големина 9.7" — 66.0"[1]
Атмосфера
Површ. притисок 9,3 MPa
Состав ~96.5% јаглерод диоксид
~3,5% азот
0,015% сулфур диоксид
0,007% аргон
0.002% Водена пареа
0,001 7% јаглерод моноксид
0.001 2% хелиум
0,000 7% неон
траги од јаглероден сулфид
траги од хлороводород
траги од флуроводород

Венера — втората по близина планета до Сонцето и орбитира секои 224,7 земјини денови. По Месечината е вториот најсјаен објект кој може да се види на ноќното небо. Максималната видливост планетата ја има пред изгрејсонце и малку по зајдисонцето. Затоа често се именува како утринска ѕвезда или ѕвезда вечерница.

Името Венера доаѓа од името на Римската божица на љубовта - Венера. Многу од нејзините географски карактеристики го носат името на мистични и славни жени од историјата.

Структура[уреди]

Кратер на површината на Венера.

Венера е една од четирите земјовидни планети, што значи дека исто како и Земјата таа е камено тело. Во големина и маса е приближна како и Земјата и често се идентификува како нејзина сестра близначка. Дијаметарот на Венера е само 650 km помал од оној на Земјата, а нејзината маса е 80% од земјината. Сепак има голема разлика во атмосферите на двете планети. Атмосферата на Венера е исполнета со јаглерод диоксид, за разлика од Земјата.

Венера е многу топла бидејќи сета топлина што ќе ја прими од сонцето не оди нагоре, туку се собира во атмосферата. За тоа зборува прикажаната слика. Венера од Сонцето е оддалечена околу 108,2 милиони km. Има пречник од 12.104 km. Просечната температура изнесува 480 °C. Едно деноноќие трае 117 земјини денови, една година трае 225 земјини денови. Венера нема природни сателити.

Географија на Венера[уреди]

Вулканските рамнини ги сочинуваат 80% од површината на Венера. Два високи континенти го сочинуваат остатокот од површината. Едниот лежи на северната полутопка и е наречен Иштар Тера, по Иштар, вавилонската божица на љубовта. Овој континент е со големина на Австралија. Максвел Монтес, највисоката планина на Венера, се наоѓа на овој континент, а нејзиниот врв се издига 11 километри нд површината на Венера. Вториот континент е наречен Афродита Тера, по грчката божица на љубовта, и е поголем, со големина на Јужна Америка. Поголемиот дел од вој континент претставува мрежа од пукнатини и расади.

Покрај кратери, планини и долини, Венера има и голем број уникатни формации на површината. Меѓу другите, тука се вулканските формации со тапи врвови, наречени фара, кои наликуваат на палачинки со ширина од 20-50 километри,и висина од 100 - 1,000 метри. Потоа, постојат радиални, ѕвездолики системи од процепи наречени новае; формации со радијални и кноцентрични процепи кои наликуваат на пајакова мрежа, па затоа се наречени арахноиди; и корни, кои што претставуваат кружни прстени од процепи кои понекогаш се обиколени со депресии. Сите овии формации се вулкански по потекло.

Сите појави на површината на Венера се крстени по историски или митолошки жени, освен Максвел Монтес, крстена по Џејмс Клерк Максвел, и двата високи региона, Алфа Регио и Бета Регио, крстени од Интернационалната Астрономска Унија, која е надлежна за планетарната номенклатура.

Карактеристики[уреди]

Венера околу Сонцето се завртува за 224,7 дена а околу својата оска се завртува за 117 дена. Венера се движи спротивно од правецот на кој се движат останатите планети од Сончевиот систем. Гледано од површината на Венера, Сонцето изгрева на запад, а заоѓа на исток.[6] Хемијата на Венера ја крши постоечката теорија за формацијата на планетите. Горната атмосфера на Венера ја карактеризира екстремен ветар, побрз од ротацијата, а мирниот долен слој на атмосферата покажува постојани молњи. Планетата е покриена со сто илјади вулкани кои потполно ја измениле површината на планетата во поновиот геолошки период. [7]

Венера има опашка слична на опашка од комета, а се пружа на четириесет и пет милиони километри во вселената. Опашката на Венера ја открил сателитот SOHO, кој е во орбитата на Земјата, а податокот е објавен во 1997 година.[8][9][10]

Венера во митологијата[уреди]

Древните луѓе за Венера рекле дека е комета. За неа зборувале како за долгокоса, брадата и маѓепсана ѕвезда. Зборувале дека Венера зема форма на божица во својата убавина и во својот ужас, дека била огнен змеј кој ја нападнал Земјата.


Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]