Аголно растојание

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во геометријата и тригонометријата и сите природни науки како астрономијата, геофизиката и тн., аголното растојание (аголна оддалеченост, привидно растојание или привидна оддалеченост) помеѓу два предмета кога се набљудуваат од трето место е големината на аголот помеѓу двете замислени линии што се протегаат од набљудувачот кон предметите. Така, аголното растојание е исто што и агол, но името подразбира (често големо и непознато) линиеарно растојание помеѓу предметите (како астрономски објекти, гледани од Земјата).

Изразување[уреди]

Бидејќи аголното растојание е поимовно истоветно со аголот, тоа се изразува со истите единици како степени или радијани и се мери со гониометри или оптички направи посебно предвидени да мерат агли при дадена насоченост (како што е телескопот).

Равенка[уреди]

Пресметката на аголното растојание во лачни секунди кај двојните ѕвездени системи, егзопланетите, објекти од Сончевиот систем и другите астрономски објекти се врши со орбитално растојание (голема полуоска) и ае поделено на ѕвезденото растојание во парсеци.

\theta = \frac {a}{D}

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]