Меркур (планета)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меркур  Astronomical symbol of mercury
Меркур
Меркур
Означувања
Придавка меркурски, меркуров
Епоха J2000
Апхелион 69.816.900 км
0,466 697 АЕ
Перихелион 46.001.200 км
0,307 499 AE
Голема полуоска 57.909.100 км
0,387 098 AE
Занесување 0,205 630[1]
Орбитален период 87,969 1 д
(0,240 846 a)
Синодички период 115,88 d[1]
Просечна
орбитална брзина
47,87 км/с[1]
Средна аномалија 174,796°
Наклон 7,005° во еклиптика
3,38° во Сончевиот екватор
6,34° во непроменливата рамнина[2]
Долж. на
искач. јазол
48,331°
Аргумент на перихелионот 29,124°
Сателити нема
Физички особености
Среден радиус 2.439,7 ± 1,0 км[3][4]
0,3829 Земји
Сплеснатост < 0,0006[4]
Површина 7,48×107 км²
0,108 Земји[3]
Зафатнина 6,083×1010 км³
0,054 Земји[3]
Маса 3,3022×1023 кг
0,055 Земји[3]
Средна густина 5,427 г/см³[3]
Гравитација на екваторската површина 3,7 м/с²
0,38 g[3]
II вселенска брзина 4,25 км/с[3]
Околуѕвезден вртежен период 58,646 ден
1407,5 ч[3]
Брзина на екваторски вртеж 10.892 км/ч (3,026 m/s)
Осен наклон 2,11′ ± 0,1′[5]
Рекстацензија на сев. пол 18 ч 44 мин 2 с
281,01°[1]
Деклинација на сев. пол 61,45°[1]
Албедо 0,119 (Бондово)
0,106 (геометриско)[1]
Темп. на површината
   0°N, 0°W
   85°N, 0°W
мин. средна макс.
100 K 340 K 700 K
80 K 200 K 380 K
Привидна величина до −1,9[1]
Аголна големина 4,5" – 13"[1]
Атмосфера
Површ. притисок траги
Состав 42% молекуларен кислород
29.0% натриум
22.0% водород
6.0% хелиум
0.5% калиум
траги од аргон, азот, јаглероден диоксид, водена пареа, ксенон, криптон и неон[1]

Меркур — најмалата и најблиската планета до Сонцето од осумте планети во Сончевиот систем,[lower-alpha 1] со орбитален период од околу 88 Земјени денови. Гледана од Земјата, наликува како да се движи во својата орбита за околу 116 денови, што е многу побрзо од другите планети во Сончевиот систем. Нема познати природни сателити.[lower-alpha 2] Планетата е именувана според римското божество Меркур, гласникот на боговите.

Бидејќи скоро и да нема присуство на атмосфера која би ја задржувала топлината, Меркуровата површина ги има најголемите температурни промени во Сончевиот систем, промена кпја се движи од 100 K (−173 °C; −280 °F)  во ноќта па се до 700 K (427 °C; 800 °F)  за време на денот во некои екваторијални области. Половите се постојано на температура под 180 K (−93 °C; −136 °F) . Меркуровата оска го има најмалиот наклон од сите планети во Сончевиот систем (околу 130 од степенот), но пак затоа го има најголемиот орбитален екцентрицитет.[lower-alpha 1] Во афел, Меркур е на растојание 1,5 пати поголемо од растојанието кога е во перихел. Меркуровата површина е ишарана со кратери и е слична со онаа на Месечината, што укажува дека истата не била геолошки активна со милијарди години.

Меркур е гравитационо сврзан и се врти на начин кој е единствен во Сончевиот систем. Гледан релативно во однос на неподвижните ѕвезди, и се врти околу својата оска точно три пати за секој два орбитални периоди околу Сонцето.[lower-alpha 3][6] Гледано од Сонцето, во појдовниот систем кој се врти со орбиталното движење, изгледа како да се врти еднаш на секои две Меркурови години. Па така набљудувач на Меркур тогаш би видел само еден ден на секои две години.

Бидејќи Меркур орбитира околу Сонцето во внатрешноста на Земјината орбита (како и Венера), може да се појави на Земјиното небо во утрото и при зајдисонцето но не и во средината на ноќта. Исто така, како и за Венера и Месечината, можат да се забележат сите фази како што се движат по своите орбити во однос на Земјата. Иако Меркур може да се појави како светол објект кога е набљудуван од Земјата, неговата близина до Сонцето оневозможува да се набљудува со ист интензитет како и Венера. Две вселенски летала го посетиле Меркур: Маринер 10 прелетал во близина во 1970-ите и MESSENGER, лансиран во 2004 година, кој сеуште е во орбита.

Внатрешна структура[уреди | уреди извор]

Орбита на Меркур[уреди | уреди извор]

Наклонетоста на оската на ротација на Меркур во однос на рамнината на која орбитира околу Сонцето е само 2°. Постои чуден однос помеѓу времето на ротација на Меркур околу својата оска и времето на револуција околу Сонцето. Потребни му се 59 земјини денови еднаш да се заврти околу својата оска, што е точно 2/3 од 88 дена, колку што изнесува една негова година. Заради чудниот однос на Меркуривиот ден и година, кога астронаут би стоел на Меркур, за него времето помеѓу две изгрејсонца би било 176 земјини денови. Ако се земе предвид и елипсоидната патека едно деноноќие би изгледало вака: Сонцето изгрева на исток и додека се движи кон зенитот станува cè поголемо. Тука ќе застане и ќе почне да се движи наназад, кон исток, за потоа пак да застане и да продолжи да се движи кон запад. Притоа сè до заоѓањето тоа станува сè помало и помало. Просечната големина на сончевиот диск е 2,5 пати поголема од сончевиот диск гледан од Земјата.

До почетокот на 20 век Меркур им создавал проблеми на астрономите, бидејќи неговата орбита не можела да се објасни со помош на Њутновата механика. Постоеле мали, но недозволливи разидувања меѓу пресметаните и набљудувание резултати. Еден можен одговор кој бил во оптек во тоа време бил дека постои уште една планета која орбитира уште поблиску до Сонцето - планетата Вулкан (дури и добила име пред да биде откриена). Сепак вистинскиот одговор го дал Алберт Ајнштајн со општата теорија на релативноста, која потполно го објаснувала движењето на Меркур без никакви непостоечки планети. Движењето на Меркур бил првиот практичен доказ за Општата теорија на релативноста.

Површина и атмосфера на Меркур[уреди | уреди извор]

Меркур нема атмосфера. Поради својата мала маса, а следствено и мала гравитација тој не успеал во текот на историјата да ја задржи. Единствено нешто што може да се забележи налик на атмосфера се локални слаби концентации на натриум (Na), резултат на сончевиот ветар кој ги избива од површината на Меркур. Ова не значи дека натриумот е најзастапен елемент на површината. Таа главно е составена од силикатни карпи. Во внатрешноста се наоѓа јадро од железо и никел поради што Меркур има магнетно поле кое е само 1% од јачината на земјиното магнетно поле, и е наклонета 7° во однос на оската на ротација.

Споредба меѓу Меркур и Земјата

Површината на Меркур многу наликува на површината на Месечината. Изрешетана од безбројни кратери кои се резултат од интензивното бомбардирање со астероиди во раната историја на Сончевиот систем, пред 4,5 до 3,5 милијарди години. Но за разлика од Месечината, заради нешто поголемиот дијаметар, дебелината на литосферата е потенка (потребно е подолго време да се излади), а исто така може да се забележат рамнини од лава и гребени кои се резултат на вулканската историја на Меркур.

Дневната температура на површината на Меркур е над 500 K (227 °С), а ноќе може да падне до 100К (-173 °С). Големите дневни температури се резултат на фактот што Меркур се наоѓа многу близу до Сонцето, а додека студените ноќи се должат на отсуството на атмосфера или друг флуид (како што се океаните на Земјата) кои во текот на ноќта ја оддаваат топлината која ја акумулирале тој ден. Во некои региони, во зависност од типот на почвата, температурата може да достигне и до 600 К (327 °С). Заради изолаторскиот ефект на горниот слој на почвата, веднаш под површината температурата се движи од 314 К до 446 К.

Басенот Рембрант[уреди | уреди извор]

MESSENGER во својот втор прелет на планетата Меркур откри ударен басен стар 3.9 милиони години. Ова е и прв пат да се научниците да видат басен со добро откриено дно на Меркур, бидејќи повеќето се покриени од лава. Басенот е наречен Рембрант, по истоимениот холандски сликар Рембрант ван Рејн.[7]

Меркур кај старите народи[уреди | уреди извор]

Најстарите набљудувања на Мекур се направени највероватно од асирски астроном, некаде во 14 век п.н.е.. Неговите набљудувања се најдени на таканаречените "МULAPIN" табли. Според преводот од клинестото писмо, планетата била наречена УДУ.ИДИМ.ГУ,УД, или во превод "планета што скока". Вавилонците за неа првпат пишувале во првиот милениум пред наша ера, и тие ја нарекле планетата Набу, според нивниот бог - гласник.

Во античка Кина, планетата била позната како Ч'ен-Хсинг (Часовна Ѕвезда). Била поврзувана со правецот на север и фазата на водата во Ву Сјинг (што ги претставува Петте Фази на водата, преведени и како Петте елементи.)

Во Хинду митологијата Меркур бил наречен Буда, и се мислело дека богот претседавал во среда.

Во германската паганска митологија, богот Один (уште познат како Водeн (Woden)) бил поврзуван со Меркур, а англиското име за среда (Wednesday) е деривирано од денот на Воден (Woden's Day)

Во Мајанската култура, Меркур е најверојатно претставен како утка (или четири утки, две за одсабајле, две за навечер) која служела како гласник на подземјето.

Античките Грци за оваа планета имале две имиња: кога се појавувала како утринска ѕвезда била позната како Аполо, а навечер ја нарекувале Хермес. Второто име го добил бидејќи се движи многу брзо по небото, токму како брзиот Хермес, гласникот на боговите. Самите астрономи од тоа време знаеле дека двете имиња се однесуваат на едно исто нешто. Денешното име нешто подоцна му го дале Римјаните. Меркур, според нивната митологија, бил бог на трговијата, патувањето, крадењето... (пандан на Хермес во грчката митологија).

Набљудувања на Меркур во поново време[уреди | уреди извор]

Првите телескопски набљудувања на Меркур ги има направено Галилео Галилеј во 17 век. Иако ги забележал фазите кај Венера, неговиот телескоп не бил доволно јак истото да го забележи и кај Меркур. Во 1963 година, Пјер Гасенди ги направил првите набљудувања на транзитот на планетата преку Сонцето кога го забележал транзитот предвиден од Јохан Кеплер. Во 1939 година, Ѓовани Цупи со својот телескоп конечно покажал дека Меркур има свои фази гледано од Земјата, слично како Венера и Месечината.

Во 1962 година советските научници водени од Владимир Котелников станаа првите што пратија радарски сигнал до Меркур и го фатија назад по одбивањето од неговата површина. Три години подоцна, американските научници Гордон Петенгил и Р. Дајс покажале со помош на набљудување со радар дека периодот на револуција на Меркур е 58 дена.

Мисии до Меркур[уреди | уреди извор]

Поглед кон Меркур од Маринер 10.

Меркур досега е посетен од две летала. Првото е Маринер 10, кое во текот на 1974 и 1975 три пати пролета покрај планетата. Успеа да сними 45% од површината, процент кој до денес не е зголемен заради блискоста на Меркур до Сонцето, што го отежнува неговото фотографирање. Месенџер (MESSENEGER) леталото е вотор, и тоа за време на пролетувањето во 14 јануари 2008 сними 30% од површината, а уште еднаш ќе помине покрај Меркур во 2009 година, по што ќе следи влегување во орбита во 2011, кога и се планира да сними карта на целата површина од оваа планета.

Набљудување[уреди | уреди извор]

Планетата Меркур е видлива и со голо око. Можеме да ја набљудуваме дваесеттина дена во текот на годината и тоа или веднаш по зајдисонце или пред изгрејсонце. Бидејќи се наоѓа близу до Сонцето, никогаш не може да го забележиме искачен повеќе од дваесеттина степени над хоризонтот. Како последица на тоа што Меркур е поблиску до Сонцето во однос на Земјата, Меркур гледан гледан од Земјата пројавува мени, слично како Месечината.

Привидната магнитуда на Меркур варира меѓу -2,0 (посветло од Сириус) и 5,5. Хабловиот телескоп не може да гледа во Меркур, заради сигурносниот систем кој му забранува да набљудува блиско до Сонцето.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Плутон се сметал за планета од своето откривање во 1930 година па до 2006 година, но по овој период е класифицирана како џуџеста планета. Орбиталниот екцентрицитет на Плутон е поголем од оној на Меркур. Плутон исто така е помал од Меркур, но се претпоставувало дека е поголем се до 1976 година.
  2. Меркур и Венера се двете најблиски планети до Сонцето, и се единствените планети во Сончевиот систем без природни сателити. Сончевата гравитација ќе предизвика пертурбации кај таквите сателити и истите би се судриле со планетата.
  3. Во астрономијата, збпрпвите „вртење“ и „орбитален период“ имаат различни значења. „Вртење“ е вртењето на телото околу оска која минува низ телото, како што „Земјата се завртува за еден ден.“ „Орбитален период“ е движењето околу центарот на надворешното тело, обично во орбита, како што „Земјиниот орбитален период околу Сонцето изнесува една година.“ Глаголите „вртење“ и „орбитирање“ се користат соодветно од видот на појавата.
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „.D0.9A.D0.BB.D0.B8.D0.BD.D0.B5.D1.81.D1.82_.D0.BE.D0.B1.D0.BB.D0.B8.D0.BA_MUL“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „Mercury Fact Sheet“. NASA Goddard Space Flight Center. 30 ноември 2007. http://nssdc.gsfc.nasa.gov/planetary/factsheet/mercuryfact.html. конс. 28 мај 2008. 
  2. „The MeanPlane (Invariable plane) of the Solar System passing through the barycenter“. 3 април 2009. http://home.comcast.net/~kpheider/MeanPlane.gif. конс. 3 април 2009.  (produced with Solex 10 written by Aldo Vitagliano; see also Invariable plane)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Munsell, Kirk (February 25, 2008). „Mercury: Facts & Figures“. Solar System Exploration. NASA. http://solarsystem.nasa.gov/planets/profile.cfm?Object=Mercury&Display=Facts. конс. 7 април 2008. 
  4. 4,0 4,1 Seidelmann, P. Kenneth; Archinal, B. A.; A’hearn, M. F.; et.al. (2007). Report of the IAU/IAGWorking Group on cartographic coordinates and rotational elements: 2006. „Celestial Mechanics and Dynamical Astronomy“ 90: 155–180. doi:10.1007/s10569-007-9072-y. http://adsabs.harvard.edu/doi/10.1007/s10569-007-9072-y. конс. 28 август 2007. 
  5. Margot, L.J.; Peale, S. J.; Jurgens, R. F.; Slade, M. A.; Holin, I. V. (2007). Large Longitude Libration of Mercury Reveals a Molten Core. „Science“ 316: 710–714. doi:10.1126/science.1140514. PMID 17478713. http://adsabs.harvard.edu/abs/2007Sci...316..710M. 
  6. „Animated clip of orbit and rotation of Mercury“. Sciencenetlinks.com. http://sciencenetlinks.com/interactives/messenger/or/OrbitRotation.html. 
  7. MESSENGER со нови податоци за Меркур | Кумановски Астрономски Клуб - Кокино