Марс (планета)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оваа страница се однесува на планетата Марс. За други значења видете Марс (појаснување).

Марс  Астрономскиот симбол на Марс
Mars Valles Marineris.jpeg
Марс виден од Викинг 1 во 1981 година
Означувања
Придавка марсовски, марсов
Епоха J2000
Апхелион 249,209,300 км
1.665 861 АЕ
Перихелион 206,669,000 км
1.381 497 АЕ
Голема полуоска 227,939,100 км
1.523 679 АЕ
Занесување 0.093 315
Орбитален период 686.971 дена

1.8808 јул. години

668.5991 сола
Синодички период 779.96 дена
2.135 Julian years
Просечна
орбитална брзина
24.077 км/с
Наклон 1.850° до еклиптиката
5.65° до сончевиот екватор
1.67° до непроменливата рамнина[2]
Долж. на
извиш. израсток
49.562°
Аргумент на перихелионот 286.537°
Сателити 2
Физички особености
Екваторски радиус 3,396.2 ± 0.1 км[a][3]
0.533 Earths
Поларен радиус 3,376.2 ± 0.1 км[a][3]
0.531 Earths
Сплеснатост 0.005 89 ± 0.000 15
Површина 144,798,500 км²
0.284 Earths
Зафатнина 1.6318×1011 км³
0.151 Earths
Маса 6.4185×1023 kg
0.107 Earths
Средна густина 3.934 g/cm³
Гравитација на екваторската површина 3.69 m/s²
0.376 g
II вселенска брзина 5.027 км/с
Период на околуѕвездено свртување 1.025 957 day
24.622 96 h[4]
Брзина на екваторско свртување 868,22 км/ч
Осен наклон 25.19°
Рекстацензија на сев. пол 21 ч 10 м 44 с
317.681 43°
Деклинација на сев. пол 52.886 50°
Албедо 0.15[5][6]
Темп. на површината
   келвин
   целзиусов степен
мин. средна макс.
186 K 227 K 268 K[4]
−87 °C −46 °C −5 °C
Привидна величина +1.8 to −2.91[5]
Аголна големина 3.5—25.1"[5]
Атмосфера
Површ. притисок 0,6–1,0 кПа
Состав 95,72% јаглерод диоксид

2,7% азот
1,6% аргон
0,2% кислород
0,07% јаглерод моноксид
0,03% водени испаренија
0,01% азот моноксид
2,5 ppm неон
300 ppb криптон
130 ppb формалдехид
80 ppb ксенон
30 ppb озон

10 ppb метан

Марс е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 км (1,52 АЕ).Таа е наречена црвена планета. Дијаметарот ѝ е 6794 км (речиси двојно помал од тој на Земјата), и е седма планета според големината. Марс (грчки: Арес) е бог на војната. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, а понекогаш се нарекува и црвената планета.

Првото вселенско летало кое го посетило е „Mariner 4“ во 1965, по што следела уште серија други меѓу кои и Mars 2, првата сонда која слетала на Марс. Други поуспешни мисии на Марс се двете летала Viking од 1976, како и Mars Pathfinder од 1997.

Физички карактеристики[уреди]

Орбитата на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на температурата од 30 °C во апхел и перихел. Ова има големо влијание на климата. Додека просечната температура е 218 К (-55°С), температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С) преку ден во текот на летото. Иако Марс е многу помал од Земјата, копнената површина му е приближно иста како на Земјата (заради водените површини на Земјата).

Освен Земјата, Марс е има најразнолик и најинтересен релјеф од сите планети од земјин тип. Поинтересните области се:

  • Олимп (Olympus Mons): највисоката планина во Сончевиот систем, 21 км над околната рамнина. Основата му е над 500 км во дијаметар, обиколена со гребен висок 6 км.
  • Тарсида (Tharsis): висорамнина долга 4000 км и висока 10 км.
  • Маринерски Долини (Valles Marineris): систем од клисури е долг 4000 км и длабок 2-7 км.
  • Елада (Hellas Planitia): кратер од удар на метеор во јужната полутопка длабок преку 6 км и 2000 км во пречник.

Поголемиот дел од површината на Марс е стара и исрешетана од удари на метеори, но исто така има и многу новосоздадени долини, планински масиви и рамнини. Јужната полутопка е воглавно составена стари планини изрешетани со кратери од метерои, налик на релјефот на Месечината. Но северната полутопка е сосема различна, содржи рамнини кои се создадени во блиското минато, пониски се и имаат многу посложена историја. Причината за ваквата разлика во релјефот на северната и јужната полутопка не е позната.

Најверојатно Марс има густо јадро 1700 км во радиус, течна карпеста обвивка, обвивка која е нешто погуста од земјината и тенка кора. Податоците од Mars Global Surveyor укажуваат на тоа дека марсовата кора е околу 80 км дебела на јужната полутопка и 35 км северната. Релативно малата густина во споредба со другите планети од земјин тип укажува дека кората веројатно содржи релативно големо количество сулфур во соединение со железо (железо и железо сулфид).

Како на Меркур и Месечината, на Марс денес најверојатно нема активни тектонски плочи. Без движења на плочите, вулкански активните точки под површината остануваат на исто место во однос на површината. Ова, заедно со слабата гравитација се причионата за огромните вулкани и висорамнината Тарсида. Денес нема докази за моменталната вулканска активност. Но сепак има нови испитувања од Mars Global Surveyor според кои Марс можеби имал тектонска активност во скоро минато, што споредбата со Земјата ја прави уште поинтересна.

Има многу јасени докази за ерозија на многу места на Марс вклучувајќи огромни канали создадени од поплави како и речни корита. Во еден момент од историјата со сигурност имало некаков течен флуид на површината. Водата е најверојатната течност, но постојат и други можности. Веројатно постоеле големи езера или можеби и океани. Доказ за тоа се и некои многу добри фотографии направени од Mars Global Surveyor. Но изгледа дека тоа траело многу кратко и многу одамна; староста на ерозионите канали е проценета на околу 4 милијарди години. (Valles Marineris не е кањон создаден од река. Формиран е со истегнување и испукнување на кората, процес поврзан со создавањето на Tharsis.)

Во својата рана историја, Марс бил многу сличен со Земјата. Како и Земјата, скоро целиот јаглерод диоксид од атмосферата бил претворен во јаглеродни (карбонатни) карпи. Но немајќи ги тектонските движења на плочите, Марс не е во состојба да го обнови првобитното количество јаглерод диоксид со што не може да создаде значителен ефект на стаклена градина. Затоа површината на Марс е многу поладна од на Земјата дури и кога би биле на иста оддалеченост од Сонцето.

Марс има многу тенка атмосфера составена воглавно од јаглерод диоксид (95,3%), азот (2,7%), аргон (1,6%) и траги од кислород (0,15%) и вода (0,03%). Просечниот атмосферски притисок е само околу 7 милибари (помалку од 1% од земјниниот), но значително се менува со висината, од 9 милибари во најдлабоките басени до 1 милибар на врвот од Olimpus Mons. Но сепак доволно е густа може да се создадат многу јаки ветрови и огромни песочни бури што понекогаш и ја прекриваат целата планета со месеци. Марсовата атмосфера е толку густа што може да создаде ефект на стаклена градина, но толку јака што ја зголемува површинската температура за само 5 степени, многу помалку од влијанието на стаклената градина кај Земјата или Венера.

Марс на обата пола има перманенетни ледени капи составени најмногу од јаглерод диоксид во тврда агрегатна состојба ("сув мраз"). Поларните капи се сотавени од слоеви мраз со ралично концентрација прав. За време на летото на северната полутопка јаглерод диоксидот од тамошната поларана капа сосема испарува и останува само водениот мраз. Не е познато дали постои сличен слој од воден мраз под јужната поларна капа, бидејќи тамошниот јаглерод диоксид никогаш не исчезнува сосема. Начинот на кој се создаваат слоевите не е познат, но можеби е заради климатските промени поврзани со долготранјата промена на наклонетоста на сопствената оска на ротација во однос на рамнината на која орбитира околу Сонцето. Исто така, извесно количесто обичен (воден) мраз се наоѓа и под површината во близина на екваторот. Периодичните промени на големината на поларните капи (испарувањето на јаглеродниот диоксид) предизвикуваат глобални промени и на атмосферскиот притисок за околу 25% (мерено од летелата Viking на местата каде се спуштиле). Скорешните набљудувања од извршени од телескопот Хабл (Hubble Space Telescope) откриле дека условите за време на мисиите Viking не биле типични. Атмосферата на Марс сега изгледа поладна и посува отколку што било измерено со сондите Viking.

Леталата Viking извршиле експерименти со цел да утврдат дали постои живот на Марс. Резултатите биле донекаде двосмислени, но повеќето научници сметаат дека тие не докажуваат постоење на живот на Марс (сепак постои контроверност). Оптимистите укажуваат дека само два мали примероци се истражени кои не потекнуваат од регионите со најпогонди услови за живот. Мал број на метеорити кои паднале на Земјата потекнуваат од Марс. Во август 1996 беше објавена првата потврда за пронајдени остатоци од органски материи на метеорит кој потекнува од Марс. Луѓето кои ги открија органските материи на метеоритот велат дека тие се создадени од прастари марсовски микроорганизми.

Колку и да е интересно ова откритие, важно е да се истакне дека тоа не го докажува постоењето на вонземски живот. Исто така имаше неколку контроверзни студии објавени по тоа откритие кои го отфрлаат како доказ за постоење вонземски живот.

Големи, но не и глобални, слаби магнетни полиња постојат на различни региони на Марс. До ова неочекувано откритие дојде Mars Global Surveyor неколку дена откако започна со орбитирањето околу Марс. Тие веројатно се остатоци од претходното глобално магнетно поле кое исчезнало. Тоа може да има значајно влијание на структурата на внатрешноста на Марс и на историјата на атмосферата, а со тоа и на можноста на постоење живот во минатото.

Кога се наоѓа на ноќното небо Марс е лесно забележлив и со голо око. Неговата привидна магнитуда значително се менува во зависност од релативната позиција во однос на Земјата.

Марс има два мали сателити кои орбитираат многу близу до површината. Сателит Растојание (000 км) Радиус (км) Маса (кг) Откриен од, Година Фобос 9 11 1.08e16 Хал 1877 Демос 23 6 1.80e15 Хал 1877 („Растојанието“ е измерено од центарот на Марс).

Фобос е поголемиот и внатрешниот сателит на Марс. Тој е поблизу до својата планета од било кој друг сателит во Сончевиот систем, помалку од 6000 км над површината. Исто така е и еден од најмалите во Сончевиот систем со просечен дијаметар од 22,2 км (има неправилен облик 27 x 21,6 x 18,8 км).

Според грчката митологина Фобос е еден од синовите на Арес (Марс) и Афродита (Венера). "Фобос" на грчки значи "страв". Фобос, кога би се наоѓале на површината на Марс, би изгревал на запад, многу брзо би се движел по небото и заоѓа на исток, вообичаено двапати дневно. Толку е блиску до површината што не може да види од било кој точка на површината на Марс.

Иднината на Фобос е "проколната" бидејќи орбитира под синхроната висина. Привлечните сили постојано му ја намалуваат орбитата (моментално 1,8 m во 100 години). За околу 50 милиони години тој или ќе падне на површината или (многу поверојанто) ќе се распрсне во прстен. (Ова е спротивен ефект од тоа што и се случува на Месечината, орбитата и се зголемува).

Советското вселенско летало Фобос 2 детектирало слабо но константно испуштање гас од Фобос. За жал, Фобос 2 престал да функционира пред да може да ја одреди природата на гасот, иако се смета дека тоа најверојатно е вода.

Демос е помалиот и подалечниот сателит на Марс. Еден е од најмалите природни сателити во Сончевиот систем. Орбитира на оддалеченост од 23.459 км од Марс, а димензиите му се 15 x 12,2 x 11 км (просечен дијаметар 12,6 км).

Во грчката митологија Демос е еден од синовите на Арес (Марс) и Афродита (Венера). "Демос" на грчки значи "паника".

Фобос и Демос најверојатно се составени од карпи богати со јаглерод како и астероидите од Ц-тип. Но нивните густини се толку мали што не е возможно да се чисти карпи. Веројатно се составени од мешавина на карпи и мраз. На површината од двата може да се забележат многу кратери. Сликите од Mars Global Surveyor укажуваат дека Фобос е прекриен со слој од многу ситна прашина околу еден метар дебела, слична како реголитот на Месечината.

Се верува дека Фобос и Демос се всушност заробени астероиди. Постојат шпекулации дека тие потекнуваат од периферните делови на Сончевиот систем, а не од астрероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.

Во иднина Фобос и Демос би можеле да се користат како "вселенски станици" од кои би се проучувал Марс или попатни станици од и кон површината на Марс, особено ако се потврди постоењето на мраз.

Марс е "р'ѓосана" планета . 'Рѓата на камењата и во почвата на планетата и дава црвеникава боја. Ретката атмосфера на Марс не дозволува дишење-речиси целосно е составена од јаглероден диоксид. Марс околу својата оска се завртува за 24,6 часа а околу Сонцето за 678 дена.

Слика со приближно точна боја, фотографирана од роверот Opportunity, на која е прикажан кратерот Викторија. Фотографијата е направена во период од три недели, од 16 октомври – 6 ноември, 2006.

Наводи[уреди]

  1. Yeomans, Donald K. (13 јули 2006). „HORIZONS System“. NASA JPL. http://ssd.jpl.nasa.gov/?horizons. конс. 8 август 2007.  — At the site, go to the "web interface" then select "Ephemeris Type: ELEMENTS", "Target Body: Mars" and "Center: Sun".
  2. „The MeanPlane (Invariable plane) of the Solar System passing through the barycenter“. 3 април 2009. http://home.comcast.net/~kpheider/MeanPlane.gif. конс. 10 април 2009. 
  3. 3,0 3,1 Seidelmann, P. Kenneth; Archinal, B. A.; A'hearn, M. F.; et al. (2007). „Report of the IAU/IAG Working Group on cartographic coordinates and rotational elements: 2006“. „Celestial Mechanics and Dynamical Astronomy“ 98 (3): 155–180. doi:10.1007/s10569-007-9072-y. http://adsabs.harvard.edu/doi/10.1007/s10569-007-9072-y. конс. 28 август 2007. 
  4. 4,0 4,1 „Mars: Facts & Figures“. NASA. http://solarsystem.jpl.nasa.gov/planets/profile.cfm?Object=Mars&Display=Facts&System=Metric. конс. 6 март 2007. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Williams, David R. (1 септември, 2004). „Mars Fact Sheet“. „National Space Science Data Center“. NASA. http://nssdc.gsfc.nasa.gov/planetary/factsheet/marsfact.html. конс. 24 јуни 2006. 
  6. Peplow, Mark. „How Mars got its rust“. „BioEd Online“. MacMillan Publishers Ltd.. http://www.bioedonline.org/news/news-print.cfm?art=953. конс. 10 март 2007. 

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]