Гуливеровите патувања
Гуливеровите патувања (англиски: Gulliver's Travels) — роман напишан од Џонатан Свифт.
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]I дел: Патувањето во Лилипут
[уреди | уреди извор]Во првиот дел “Патувањето во Лилипут” Свифт нè запознава со Гуливер, кој е лекар на брод, и кој плови по Тихиот Океан за Источна Индија. Поради голема бура бродот ќе потоне, и само Гуливер се спасува. Кога ќе се освести околу себе гледа џуџиња. Тој ќе помине извесно време во земјата на џуџињата — Лилипут. За тоа време се запознава со нивните обичаи, судството, законодавноста, културата и друго. Џуџињата се поделени на две групи: приврзаници на јајцето да се скрши “од врвот” и приврзаници на јајцето да се скрши “од газерот”. Бидејќи Гуливер се наоѓа кај првите, им помага да се одбранат од флотата вторите, но кога царот сака Гуливер да ја уништи целата флота, Гуливер откажува да му помогне во таа намера.
II дел: Патувањето во Бробдингнаг
[уреди | уреди извор]Во вториот дел “Патувањето во Бробдингнаг”, писателот нè запознава со големите џинови. Пловејќи, Гуливер се загубувва во непознати води и одеднаш се наоѓа во земјата на џиновите. Набрзо ќе биде продаден од некој фармер на кралицата. За Гуливер ќе биде изработена специјална дрвена куќарка, затоа што мора да биде заштитен од глувците и мачките кој се неколкупати поголеми од него. Тој во Бробдинганаг поминал три години. Тој за тоа време ги разонодувал кралот и кралицата со разни духовитости. При прошетка Гуливер се преправа дека му е лошо и замолува да постои покрај океанот на свеж воздух, во тој момент ќе го крене огромен орел , но набрзо ќе биде пуштен во океанот бидејќи орелот е нападнат од други две птици. По некое време ќе биде најден од морнаите од некој брод кои ќе го спасат и ќе го вратат во татковината. Свифт во вториот дел ни зборува за судовите и финансиите во Англија, за неправдите што ги нанесува Англија на другите народи итн.
III дел: Патувањето во Лапут
[уреди | уреди извор]Во третиот дел “Патувањето во Лапут” Свифт ни кажува дека Гуливер е подготвен за трето патување. При тоа, по многу преживувања, се затекнува на летечки остров, во земјата Лапут. Островот се движи со помош на магнет, и може да се движи само на територијата на земјата, со кој се движи кралот на Лапут. Во оваа земја поминува околу пет години и за тоа време се запознава со нивните обичаи, нивната наука и др. Таму се запознава со гувернерот, кој со доброто познавање на некроманијата може да го оживее било кој мртовец за 24 часа. Гуливер, во Лапут го видел Сократ, Аристотел, Помпеј, Александар Македонски и многу други познати и влијателни личности од историјата.
IV дел: Патување во земјата на Хуинхм
[уреди | уреди извор]Во четвртиот дел воедно и последен дел од големата авантура на Гуливер, тој патува како капетан но набрзо ќе има завера од морнарите и ќе биде оставен во непозната земја, но подоцна ќе дознае дека тоа е земјата на Хуинхмите. Во тој миг започнува чудното “Патување во земјата на Хуинхм”. Хуинхм е земја на коњите. Во ова патување Гуливер се запознава со еден Хуинхм — фармер кој го поканува во својот дом. Како домашни животни Хуиинхмите одгледуваат Јаху кои претставуваат луѓе кои се на низок степен на развиток. Гуливер морал да го научи нивниот јазик за да разговара со неговиот домаќин. Па така, на прашањето зошто државите војуваат меѓу себе, Гуливер му кажал дека има многу причини, но поважни се лакомоста на владетелите, кои вечно се стремат да освојат што поголеми територии, за да го зголемат бројот на своите поданици итн. Преку многуте прашања Свифт ги критикува нередовностите во својата татковина, расипноста на министрите, поткупувањето на високите државници и др. Но собранието на Хуинхмите му наредува на домаќинот на Гуливер да се откаже од гостопримството, затоа што е многу сличен со Јахуите. На крајот Гуливер се враќа во Англија кај своето семејство.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Гуливеровите патувања“ на Ризницата ? |
- Гуливеровите патувања Архивирано на 19 април 2012 г., целосен текст и аудио.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|