Енкелад (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Енкеладус снимен од сондата Касини

Енкелад или Енцелад — десетта најоддалечена месечина на Сатурн и кружи во широкиот прстен Е. Наречен е по истоимениот гигант од старогрчката митологија.

Неговата орбита се наоѓа во најширокиот дел на прстенот, поради што се смета дека Енкелад, веројатно, го снабдува прстенот со материјал. Месечината има синхронизирана ротација со Сатурн. Замрзнатата површина на Енкелад ја одбива светлината, поради што оваа месечина е многу сјајна; таа е најсјајна месечина во Сончевиот Систем. Релјефот докажува дека оваа студена месечина претрпела долготрајна тектонска активност и обновување на површината. Степенот на геолошки промени е неверојатен за една толку мала месечина. Мимант има слична големина, но не е активна. Во некои области има кратери, а во други има корита, пукнатини и гребени. Снимките направени да ги нагласат разликите во боите откриле детаљ што дотогаш не можел да се забележи. Сината боја што може да се види на некои распукани ѕидови веројатно, е последица од долготрајна изложеност на дејството на цврст мраз или на составот или големината на честичките на мразот под површината. Енкелад е откриен од страана на Вилијам Хершел на 28 август 1789 година.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.