Макемаке

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Макемаке
Makemake hubble.png
Макемаке видена од телескопот Хабл
Откривање
Откривач Мајкл Браун,
Чад Трухиљо,
Дејвид Рабиновиц
Датум на откривање 31 март 2005
Означувања
MPC-ознака (136472) Макемак
Категорија планета-џуџе, плутоид, транснептунски објект [1]
Епоха 28 јануари 1955 (ЈД 2 435 135,5)
Апхелион 7 939.7 Гм (53,074 AU)
Перихелион 5 760.8 Гм (38,509 AU)
Голема полуоска 6 850.3 Гм (45,791 AU)
Отстапување 0.159
Орбитален период 113 183 d (309.88 a)
Просечна
орбитална брзина
4.419 км/с
Средна аномалија 85.13°
Наклон 28.96°
Долж. на
извиш. израсток
79.382°
Аргумент на перихелионот 298.41°
Физички карактеристики
Димензии 1300–1900 км
Среден радиус 750Шаблон:± км[4]
Површина ~7 000 000 км²
Волумен ~1.8 × 109 км³
Маса ~4 × 1021 kg
Средна густина ~2 g/см³ (пресметано)
Гравитација на екваторската површина ~0.47 м/с²
II вселенска брзина ~0.84 км/с
Период на околуѕвездено свртување непознато
Осен наклон непознато
Албедо 78.2± (геометриски)[4]
Температура 30–35 K [c](assuming the same albedo)
Привидна величина 16.7 (противположба)[5]
Апсолутна величина (H) -0.48[3]

Макемаке (планета-џуџе (136472) Макемакe) — третата најголема позната планета-џуџе во Сончевиот систем и еден од двата најголеми објекти во Кајперовиот појас (КПО). Дијаметарот на планетата е три четвртини од оној на Плутон.[6] Макемаке нема познати сателити, што го прави единствен од КПО. Екстремно ниската просечна температура (околу 30 К (-243.15 °C)) значи дека неговата површина е покриена со мраз од метан, етан и можеби азот.[7]

Всушност, позната како 2005 FY9 (подоцна по името планета-џуџе број 136472) беше откриена на 31 март 2005, од тимот предводен од Мајкл Браун и откритието беше соопштено на 29 јули 2005. Неговото име доаѓа од богот Макемаке на народот Рапануи. На 11 јуни 2008 Меѓународната астрономска унија (IAU) го вклучи Макемаке како потенцијален кандидат за добивање на статус „плутоид“, термин за џуџести планети, кои се наоѓаат зад орбитата на Нептун, распоредени меѓу Плутон и Ерида. Макемаке беше формално класифицирана како плутоид во јули 2008.[8][9][10][11]

Откривање[уреди]

Макемаке беше откриен на 31 март 2005 од тимот во опсерваторијата Паломар предводен од Мајкл Браун и откривањето беше соопштено во јавноста на 29 јули 2005.[3] Откривањето на Ерида беше соопштено пред јавноста истиот ден, што беше само два дена подоцна по соопштвувањето за отткривањето на Хаумеја.[12]

Поради неговата релативна светлост (околу една петина посветло од Плутон), Макемаке не беше откриена како некои други објекти во Кајперовиот појас. Многу истражувања за минорни планети се предводени релативно близу до еклиптиката (делот на небото на кој Сонцето, Месечината и планетите се појавуваат лажно видено од Земјата) поради големата веројатност таму да се проннајдат објекти. Тоа, најверојатно го избегнувало откривањето при раните испитувања поради неговата релативно висока орбитална инклинација и фактот дека тоа било најдалечното растојание од еклиптиката во времето на откривање на северното соѕвездие Береникина Коса.[5]

Освен Плутон, Макемаке е единствената останата планета-џуџе, која е доволно светла за Клајд Томбо да можел да ја забележи за време на неговото истражување на транснептунските планети околу 1930 г.[13] Во време на Томбовото испитување, Макемаке бил само некоклу степени од еклиптиката, близу до границата на соѕвездијата Бик и Аурига, со видлива величина од 16,0.[5] Оваа положба, и покрај тоа била многу близу до Млечен пат и Макемаке била речиси невозможно да се најде во позадината од ѕвезди. Томбо го продолжил истражувањето неколку години по откривањето на Плутон,[14] но не успеал да го открие Макемаке или некои други транснептунски објекти.

Име[уреди]

Привремената ознака за Макемаке беше дадена кога откритието беше сооштено пред јавноста. Пред тоа, тимот заслужен за откривањето на објектот го користел името „Велигденски зајак“, бидејќи откривањето беше кратко по Велигден.[15]

Во јули 2008, според МАУ правилата за класични објекти од Кајперовит појас 2005 FY9, на објектот му било дадено името создавач на божества. Името Макемаке, создавачот на човештвото и бог на плодноста во митовите за Рапануи, Велигденски острови,[8] било избрано, делумно и да се зачува поврзаноста на објектот со Велигден.[15]

Орбита и класификација[уреди]

Оррбитата на Макемаке (сино), Хаумеја (зелено), во споредба со орбитата на Плутон (црвено) и еклиптиката (сиво). Перихелот (q)[3] и афелот (Q) се обележани со датата на поминување. Положбите во април 2006 се обележани со сфери, кои ги илустрираатѕ релативните димензии и разлики во албедото и бојата.

Од 2009, Макемаке е на растоојание од 52 астрономски единици од Сонцето;[5] речиси толку далеку до Сонцето, колку што му треба за да ја помине својата орбита.[7] Макемаке има орбита, многу слична со онаа на Хаумеја: висока орбитална инклинација на 29° и умерена орбитална ексцентрија од 0.16.[16] Сепак, орбитата на Макемаке е малце подалеку од Сонцето, во услови на двете мали оски и перихел. Неговиот орбитален период е близу 310 години,[2] што е повеќе од Плутоновите 248 години и оние 283 на Хаумеја. И Макемаке и Хаумеја се далеку од разстојанието на аглестата еклиптика од 29°. Макемаке ќе биде во својот афел во 2033,[5] додека Хаумеја беше во својот афел во 1992[17]

Макемаке е класифициран во групата на класични објекти во Кајперовиот појас,[1] што значи дека неговата орбита лежи доволно далеку од Нептун за да остане постојано во Сончевиот систем.[18][19] Спротивно од плутиноидите, кои може да ја пресечат орбитата на Нептун поради нивата резонанца во однос 2:3 со планетата, класичните овбјекти имаатe перихел подалеку од Сонцето, ослободени од пертуербацијата на Нептун.[18] Таквите објекти имаат релативно мали екцентриции (e е помало од 0.2) и орбитираатоколу Сонцето слично како и другите планети.И покрај тоа, Макемаке припаѓа во групата на „динамично жешки“ класични објекти во Кајперовиот појас, што значи дека има повисока инклинација во споредба со останатите објекти.[20] Исто така е можно, Макемаке да е во резонанца со однос 11:6 во однос на Нептун, иако истражувањата во иднина, тоа сигурно точно ќе го докажат.[21]

На 24 август 2006, Меѓународната астрономска унија (МАУ) соопшти нова формална дефиниција за терминот „планета“, која издаде тројна поделба на објектите кои орбитираат околу Сонцето: „мали тела со Сончеви системи“ се премногу мали објекти за нивната гравитцаија да може да ја обликува нивната површина во кржен облик; „планета џуџе“ е објект, доволно голем за да биде во кружен облик, но објект кој сѐ уште ја нима исчистено својата орбита со објекти слични на него; „планета“ е објект кој е доволно голем за да биде тркалезе од својата гравитација и кој ја има исчистено својата орбита со објекти слични на него. [22] Според оваа поделба Плутон, Ерида и Церера беа посочени како планети-џуџиња.[22]

На 11 јуни 2008, Меѓународната астрономска унија изврши подетална поделба на планетите џуџиња: плутоиди за оние планети-џуџиња откриени зад орбитата на Нептун. Ерида и Плутон се плутоиди, додека Церера не е. За да биде плутоид, објектот мора да биде и светол со апсолутна величина од +1 или помалку,[23]што значи дека само Макемаке и Хаумеја треба да бидат вклучени.[24] На 11 јули 2008, групата за класифицирање при Меѓународната астрономска унија го вклучи Макемаке во групата на плутоиди, во група со Плутон и Ерида.[8][11]

Физички карактеристики[уреди]

Светлина, големина и ротација[уреди]

Макемаке е вториот најсветол објект во Куперовиот појас, веднаш по Плутон,[13] имајќи противположба с и видлива величина од околу 16.7 во соѕвездието Береникина Коса.[5] Ова е доволно светло за да биде видливо со употреба на аматерски телескоп. Високото албедо на Макемаке (околу 80 %) претпоставува просечна температура на површината од околу30 К (-243.15 °C).[4] Големината на Макемаке не е точно позната, но откривањето во инфрацрвена светлина со телескопт Спитцер, во комбинација со сличностите на спектрата со Плутон дава проценет дијаметар, во должина од 1.500 ±400 км .[4] Ова е нешто подолго од дијаметарот на Хаумеја, веројатно правејќи го Макемаке третиот најголем транснептунскин објект, по Ерида и Плутон.[16] Макемаке е именуван како четвртата планета-џуџе во Сончевиот систем, бидејќи е светол со апсолутна величина од −0.48.[3] Ова практично гарантира дека Макемаке едоволно голем за да развие хидростатична рамнотежа и да стане сплескана топка.[8]

Земја Дисномија Ерида Харон Плутон (планета-џуџе) Макемаке Хаумеја Седна Окрус Кваоар Варуна Податотека:EightTNOs.png
Макемаке во споредба со останатите транснептунски објекти

До јули 2008 периодот на ротација на Макемаке не беше познат, бидејќи ообјектот не покажуваше видливи фотометрички варијации.[25] Има две можни причини за ова: атмосферата на Макемаке е замрзната до површината, пружајќи доволна хомогеничност или може да биде свртена кон еден од половите на Земјата. Од другата причина се очекува голема асиметрија на површината: моментно невидливата летна хемисфера има неколку непостојаности во однос на зимската хемисфера.[26]

Спектар[уреди]

Во текстот напишан во списанието Астрономија и астрофизика во 2006, бил даден извештај за мерењата на видливиот спектар и инфрацрвената светлина на Макемаке. Нив ги користеа телескопите Вилијам Хершел и Галилео и покажаа дека површината на Макемаке of Makemake наликува на онаа на Плутон.[27] Како и Плутон, Макемаке се појавува во црвена боја во видливиот спектар, но значително посветло од Ерида.[27] Инфрацрвената светлина е обележана со пространиот метан. Метан е откриен и на Плутон и на Ерида, но неговата видливост не е толку забележителна.[27]

Спектарските анализи на површината на Макемаке покажуваат дека метанот мора да е форма на зрна со големина од 1 cm.[7] Освен тоа, можно е да има и етан и толини создадени од фотолиза на метанот со соларна радијација.[7] Толините, најверојатно се одговорни за црвената боја на видливиот спектар. Иако постојат докази за присуство на азотен мраз на површината на Макемаке, во најмала рака помешан со друг мраз, никаде нема приближно онолку азотен мраз, колку на Плутон и Тритон, каде што претставува 98% од покривката. Релативниот недостаток на азотен мраз претпоставува дека неговото снабдување, некако се исцрпило низ годините на СОнчевиот систем.[7][26][28]

Атмосфера[уреди]

Присуството на метан и можеби азот претпоставува дека Макемаке има краткотрајна атмосфера, слична на онаа на Плутон при неговиот перихел.[27][7] Постоењето на атмосфера, исто така овозможува природно објаснување за исцрпувањето на азот: бидејќи гравитацијата на Макемаке е послаба од онаа на Плутон, Ерида и Тритон, големо количество на азот се изгубило поради атмосферско губење; метанот е посветол од азотот, но значително помалку испарува, при температури, како оние на површината на Макемаке (30–35K (-243.15 - -238.15 °C)), кои го спречуваат неговото губење; резултатот од овој процес е поголемо релативно изобилство на метан.[29]

Природни сателити[уреди]

Засега не се откриени сателити околу Макемаке. Сателит со светлост од 1% од основната би бил откриен доколку се наоѓа на растојание од 0,4 минути или подалеку од Макемаке.[13] Ова се разликува од останатите транснептунски објекти, кои сите имаат барем еден природен сателит. Ерида има еден, Хаумеја има два и Плутон има три. Од 10% д 20% од сите транснептунски објекти се очекува да имаат еден или повеќе сателити.[13] Како што сателитите нудат едноставен метод за мерење на масата на објектот, така отсуството на сателит на Макемак ја отежнува прецизната проценка на неговата маса.[13]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Brian G. Marsden (17 јули 2008). „MPEC 2008-O05 : Distant Minor Planets (2008 Aug. 2.0 TT)“. „IAU Minor Planet Center“. Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics. http://cfa-www.harvard.edu/iau/mpec/K08/K08O05.html. конс. 27 септември 2008. 
  2. 2,0 2,1 Marc W. Buie (5 април 2008). „Orbit Fit and Astrometric record for 136472“. SwRI (Space Science Department). http://www.boulder.swri.edu/~buie/kbo/astrom/136472.html. конс. 13 јули 2008. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „JPL Small-Body Database Browser: 136472 (2005 FY9)“. „NASA Jet Propulsion Laboratory“. 2008-04-05 last obs. http://ssd.jpl.nasa.gov/sbdb.cgi?sstr=136472. конс. 11 јуни 2008. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 J. Stansberry, W. Grundy, M. Brown, et al. (February 2007). „Physical Properties of Kuiper Belt and Centaur Objects: Constraints from Spitzer Space Telescope“ (abstract). „The Solar System beyond Neptune“ (University of Arizona Press). http://arxiv.org/abs/astro-ph/0702538v1. конс. 4 август 2008. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Asteroid 136472 Makemake (2005 FY9)“. „HORIZONS Web-Interface“. JPL Solar System Dynamics. http://ssd.jpl.nasa.gov/horizons.cgi?find_body=1&body_group=sb&sstr=2005FY9. конс. 1 јули 2008. 
  6. Michael E. Brown (2006). „The discovery of 2003 UB313 Eris, the 10th planet largest known dwarf planet“. „California Institute of Technology“. http://web.gps.caltech.edu/~mbrown/planetlila/. конс. 14 јули 2008. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Mike Brown, K. M. Barksume, G. L. Blake, E. L. Schaller, D. L. Rabinowitz, H. G. Roe and C. A. Trujillo (2007). „Methane and Ethane on the Bright Kuiper Belt Object 2005 FY9“. „The Astronomical Journal“ 133: 284–289. doi:10.1086/509734. http://adsabs.harvard.edu/abs/2007AJ....133..284B. 
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Dwarf Planets and their Systems“. „Working Group for Planetary System Nomenclature (WGPSN)“. U.S. Geological Survey. 7 ноември 2008. http://planetarynames.wr.usgs.gov/append7.html#DwarfPlanets. конс. 13 јули 2008. 
  9. Gonzalo Tancredi, Sofia Favre (June 2008). „Which are the dwarfs in the Solar System?“ (PDF). „Icarus“ 195 (2): 851–862. doi:10.1016/j.icarus.2007.12.020. http://www.lpi.usra.edu/meetings/acm2008/pdf/8261.pdf. конс. 3 август 2008. 
  10. Michael E. Brown. „The Dwarf Planets“. California Institute of Technology, Department of Geological Sciences. http://web.gps.caltech.edu/~mbrown/dwarfplanets/. конс. 26 јануари 2008. 
  11. 11,0 11,1 International Astronomical Union (News Release - IAU0806) (2008-07-19). "Fourth dwarf planet named Makemake". Соопштение за печат.  (консултирано на 2008-07-20)
  12. Thomas H. Maugh II and John Johnson Jr. (2005). „His Stellar Discovery Is Eclipsed“. „Los Angeles Times“. http://articles.latimes.com/2005/oct/16/local/me-planet16. конс. 14 јули 2008. 
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 M. E. Brown, M. A. van Dam, A. H. Bouchez, et al. (2006-03-01). „Satellites of the Largest Kuiper Belt Objects“. „The Astrophysical Journal“ 639: L43–L46. doi:10.1086/501524. http://adsabs.harvard.edu/abs/2006ApJ...639L..43B. 
  14. „Clyde W. Tombaugh“. „New Mexico Museum of Space History“. http://www.nmspacemuseum.org/halloffame/detail.php?id=51. конс. 29 јуни 2008. 
  15. 15,0 15,1 Mike Brown (2008). „Mike Brown's Planets: What's in a name? (part 2)“. California Institute of Technology. http://www.mikebrownsplanets.com/2008/07/whats-in-name-part-2.html. конс. 14 јули 2008. 
  16. 16,0 16,1 S. C. Tegler, W. M. Grundy, W. Romanishin, G. J. Consolmagno, K. Mogren, F. Vilas (2007-01-08). „Optical Spectroscopy of the Large Kuiper Belt Objects 136472 (2005 FY9) and 136108 (2003 EL61)“. „The Astronomical Journal“ 133: 526–530. doi:10.1086/510134. http://adsabs.harvard.edu/abs/2007AJ....133..526T. 
  17. „Asteroid 136108 (2003 EL61)“. „HORIZONS Web-Interface“. JPL Solar System Dynamics. http://ssd.jpl.nasa.gov/horizons.cgi?find_body=1&body_group=sb&sstr=2003EL61. конс. 4 август 2008. 
  18. 18,0 18,1 David Jewitt (February 2000). „Classical Kuiper Belt Objects (CKBOs)“. University of Hawaii. http://www.ifa.hawaii.edu/~jewitt/kb/kb-classical.html. конс. 4 август 2008. 
  19. Jane X. Luu ­and David C. Jewitt ­ (2002). „Kuiper Belt Objects: Relics from the Accretion Disk of the Sun“ (pdf). „Ann. Rev. Astron. Astrophys.“ 40: 63–101. doi:10.1146/annurev.astro.40.060401.093818. http://www.gsmt.noao.edu/gsmt_swg/SWG_Apr03/The_Kuiper_Belt.pdf. конс. 4 август 2008. 
  20. Harold F. Levison, Alessandro Morbidelli (2003). „The formation of the Kuiper belt by the outward transport of bodies during Neptune's migration“ (pdf). „Nature“ 426: 419–421. doi:10.1038/nature02120. http://www.obs-nice.fr/morby/stuff/NATURE.pdf. конс. 25 јуни 2007. 
  21. Simulation of Makemake (2005 FY9)'s orbit.
  22. 22,0 22,1 International Astronomical Union (News Release - IAU0603) (2006-08-24). "IAU 2006 General Assembly: Result of the IAU Resolution votes". Соопштение за печат.  (консултирано на 2007-12-31) (orig link)
  23. International Astronomical Union (News Release - IAU0804) (2008-06-11). "Plutoid chosen as name for Solar System objects like Pluto". Соопштение за печат.  (консултирано на 2008-06-11)
  24. Michael Brown (2008). „Mike Brown's Planets:Plutoid fever“ (blog). http://www.mikebrownsplanets.com/2008/06/plutoid-fever.html. конс. 14 јули 2008. 
  25. David L. Rabinowitz, Bradley E. Schaefer, Suzanne W. Tourtellotte (2007). „The Diverse Solar Phase Curves of Distant Icy Bodies. I. Photometric Observations of 18 Trans-Neptunian Objects, 7 Centaurs, and Nereid“. „The Astronomical Journal“ 133: 26–43. doi:10.1086/508931. http://arxiv.org/abs/astro-ph/0605745. конс. 3 август 2008. 
  26. 26,0 26,1 S.C. Tegler, W.M. Grundy, F. Vilas, W. Romanishin, D.M. Cornelison and G.J. Consolmagno (June 2008). „Evidence of N2-ice on the surface of the icy dwarf Planet 136472 (2005 FY9)“. „Icarus“ 195 (2): 844–850. doi:10.1016/j.icarus.2007.12.015. http://adsabs.harvard.edu/abs/2008Icar..195..844T. 
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 J. Licandro, N. Pinilla-Alonso, M. Pedani, E. Oliva, G. P. Tozzi, W. M. Grundy (2006). „The methane ice rich surface of large TNO 2005 FY9: a Pluto-twin in the trans-neptunian belt?“. „Astronomy and Astrophysics“ 445 (3): L35–L38. doi:10.1051/0004-6361:200500219. http://adsabs.harvard.edu/abs/2006A%26A...445L..35L. 
  28. Tobias C. Owen, Ted L. Roush, et al. (1993-08-06). „Surface Ices and the Atmospheric Composition of Pluto“. „Science“ 261 (5122): 745–748. doi:10.1126/science.261.5122.745. PMID 17757212. http://adsabs.harvard.edu/abs/1993Sci...261..745O. конс. 3 август 2008. 
  29. E.L. Schaller, M.E. Brown (2007-04-10). „Volatile Loss and Retention on Kuiper Belt Objects“. „The Astrophysical Journal“ 659: L61–L64. doi:10.1086/516709. http://adsabs.harvard.edu/abs/2007ApJ...659L..61S. 

Надворешни врски[уреди]

Портал „Астрономија



Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Макемаке е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.