Гигаметар
Од Википедија, слободната енциклопедија
Гигаметар (симбол Гм или Gm) е единица мерка за должина еднаква на милијарда метри[1] или 1.000.000 км.
Оваа единица не наоѓа примена во практичниот живот бидејќи е преголема за да може да изрази било која величина на Земјата. Најзастапена е во астрономијата, кајшто се користи за изразување на растојанието на придружни небесни тела како планетите од нивните матични ѕвезди.
- Примери
- Една астрономска единица (ае или AU) или просечното растојание од Земјата од сонцето 149,6 Гм.
- Просечната оддалеченост на Јупитер од Сонцето изнесува 778,5 Гм.
- Просечната оддалеченост на GJ 1214 b од ѕвездата GJ 1214 изнесува 2,14 Гм, што е најмалата позната орбита на една егзопланета.
- Средниот пречник на Сонцето изнесува 1,391 Гм.
- Средниот пречник на црвената суперџиновска ѕвезда Бетелгез изнесува 1302 Гм.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „гигаметар“. „Лексикон на македонскиот јазик“. он.нет. 2010. http://rechnik.on.net.mk/translate/mk-leksikon/гигаметар. проверено на 2 април 2011.
|
|||||
)
)