Плутон (џуџеста планета)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Плутон  Астрономски симбол на Плутон
Pluto animiert.gif
Компјутерски создадена мапа на Плутон од сликите од телескопот Хабл која е меѓу оние со највисока можна резолуција со сегашната технологија
Откривање
Откривач Клајд Томбо
Датум на откривање 18 февруари, 1930
Означувања
MPC-ознака 134340 Плутон
Категорија џуџеста планета
Епоха J2000

Плутон е втора по големина џуџеста планета во Сончевиот систем, официјално означена како Плутон 134340. Откриен е во 1930 година од американскиот астроном Клајд Томбо. На конгресот на Меѓународнaтa астрономскa унија одржан на 24 август 2006 за прв пат беше дефиниран терминот планета. Според оваа дефиниција Плутон не претставува планета и од тогаш официјално се вбројува во групата на планети-џуџиња. Со оваа одлука е одредено дека Сончевиот систем има само 8 планети. По големината Плутон е помал од седум природни сателити кои орбитираат околу други планети во Сончевиот систем: (Месечината, Јо, Европа, Ганимед, Калисто, Титан и Тритон). Дијаметарот на Плутон е 2.274 км. Тој орбитира на просечна оддалеченост од 5.913.520.000 км (39,5 АЕ) од Сонцето. Времето потребно еднаш да го заобиколи Сонцето (или должината на неговата планетарна годината) изнесува 248,54 земјни години. Тој околу својата оска се завртува за 6,39 земјини денови. Радиусот на Плутон исто така не е познат со сигурност. Вредноста од 1.137 км е со грешка од +/-8 км, односно 1%.

Плутон има три природни сателити: Харон (откриен во 1978) - со кој често се сметаат заедно како двоен планетарен систем, бидејќи кружат еден околу друг, и уште три помали сателити – Никта и Хидра (откриени во 2005) и S/2012 P 1 (откриен во 2012).[1]

Харон[уреди]

Плутон и неговите месечини

Најголемиот природен сателит на Плутон, Харон, е откриен во 1978 година. Иако заедничката маса на Плутон и Харон е точно одредена (со помош на точни мерења на периодот и рaдиусот на орбитата на Харон) поединечните маси на Плутон и Харон тешко е да се пресметаат бидејќи тоа бара да се одредат взаемните движења околу заедничкото тежиште коешто е многу тешко да се измери заради малите димензии и оддалеченоста од Земјата. Односот на нивните маси е некаде помеѓу 0,084 и 0,157. Харон орбитира на 19.640 км од Плутон, а дијаметарот му е 1172 км. Неречен е според ликот од старогрчката митологија кој ги пренесувал мртвите преку реката Стикс во подземниот свет. Пред да биде откриен се сметало дека Плутон е многу поголем, бидејќи матните слики од Плутон и Харон заедно изгледале како еден голем објект.

Радиусот на Харон не се знае со голема точност. Вредноста од 586 км има грешка од +/- 13 км, повеќе од 2%. Неговата маса и густина исто така не се точно познати.

Плутон и Харон се уникатни и по тоа што не само што Харон ротира синхроно, туку и Плутон. Затоа тие цело време се свртени со иста страна еден кон друг. Харон е најголемиот сателит во однос на матичната планета во Сончевиот систем, поради тоа и се јавува меѓусебната ротација на двете тела.

Составот на Харон не е познат, но неговата мала густина (околу 2 гр/см³) укажува дека можеби е сличен како сатурновите мразести месечини. Неговата површина веројатно е прекриена со воден мраз. Интересно, тоа е прилично различно од Плутон. Харон нема атмосфера.

Температура, состав и атмосфера[уреди]

Плутон

Температурата на површината на Плутон варира помеѓу -235 и -210 °C (38 до 63 Келвини). Гледано низ телескоп потоплите региони се оние кои визуелно се забележуваат како потемни.

Составот на Плутон не е познат, но неговата густина (околу 2 гр/см³) укажува дека веројатно е мешавина од 70% карпи и 30% воден мраз, многу налик на Тритон. Светлите региони на површината веројатно се прекриени со мраз од азот со помали количества цврст метан, етан и јаглерод моноксид. Составот на потемните региони на површината на Плутон не е познат, но се претпоставува дека е праисториски органски материјал или фотохемиски реакции поттикнати од космичките зраци.

Атмосферата на Плутон, се состои најмногу од азот со и мала количина на јаглерод диоксид и метан. Таа е екстремно ретка бидејќи притисокот на површината е само неколку микробари, кои не се доволни да ја задржат атмосферата. Атмосферата на Плутон постои како гас само кога Плутон е близу својот перихел, а поголемиот дел од плутоновата година атмосферските гасови се замрзнати на неговата површина. За време на перихелот дел од гасовите го напуштаат, а можеби и влегуваат во интеракција со Харон.

Наводи[уреди]