Анџелина Џоли

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анџелина Џоли
Angelina Jolie
Angelina-Jolie cropped.jpg
Џоли на премиерата на Salt во 2010.
Роден(а) Анџелина Џоли Војт
4 јуни 1975
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Занимање актерка
Активност 1982; 1993 – present
Сопруг(а/и) Џони Ли Милер (1996 – 1999)
Били Боб Торнтон (2000 – 2003)
Домаќински партнер(и) Бред Пит (2005 – present)

Анџелина Џоли (родена како Анџелина Џоли Војт во Лос Анџелес, Калифорнија, САД на 4 јуни 1975) е американска актерка. Има освоено една филмска награда на академијата на САД, две Screen Actors Guild Awards и три награди Златен глобус. Според Форбс, е прогласена за најплаќана актерка во 2009 и 2011 година.[1][2] Таа исто така еден од најголемите промотори на добротворни акции и амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Џоли за прв пат на големото платно се појавува уште како дете заедно со нејзиниот татко Џон Војт во Lookin' to Get Out (1982), но нејзината вистинска филмска кариера започнала една декада подоцна со најслабо-буџетната продукција Cyborg 2 (1993). Нејзината прва главна улога во „поголем“ филм е во сајбер-трилерот Hackers (1995). Исто така таа глумела и во биографскиот телевизиски филм George Wallace (1997) и Gia, а исто така добила и Филмска награда на академијата на САД за најдобра споредна актерка за улогата во драмата Girl, Interrupted (1999).

Џоли се здобива со голема слава после нејзиното портретирање на ликот на Лара Крофт познат од видео играта во филмот Lara Croft: Tomb Raider (2001) и се поставила како една од најплаќаните актерки во Холивуд со продолжението на Томб Рајдер.Life or something like it (2002) The Cradle of Life (2003).[3] Таа ја потврдила нејзината репутација како главна акциска ѕсвезда во Mr. & Mrs. Smith (2005) и Wanted (2008), кои го одбележале нејзиниот не-анимиран комерцијален успех,[4] а исто така добила и позитивни критики за нејзините улоги во драмите A Mighty Heart (2007) and Changeling (2008) кој и донел номинација за Најдобра актерка на Филмската награда на академијата на САД.

Анџелина Џоли се смета за една од најсекси и најубави жени во светот, титула која и помогнала да добие целосна номинација во медијата.[5][6][7][8][9][10][11][12] Разведена од актерите Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон, таа живее со актерот Бред Пит со кого има три посвоени деца Медокс, Пекс и Захара и три биолошки деца, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.

Биографија[уреди]

Ран живот[уреди]

Анџелина Џоли е ќерка на познатиот холивудски актер Џон Војт и ќерка на бивша манекенка Марселина Бертран. По разводот на нејзините родители во 1976 година, таа и нејзиниот брат Џејмс Хевн ги одгледала нивната мајка. На 16 години матурилала во елитното средно училиште Беверли Хилс.

Кариера[уреди]

На 14 годишна возраст започнала да работи како манекенка за Finesse Model Management. Во тоа време исто така се појавува и во неколку музички спотови. По успешната кариера на модел, решава повеќе да се посвети на филмската кариера, а првата мала, епизодна улога ја добива во 1993 година во „Cyborg II“, и веќе по две години игра мала улога на хакерка во филмот „Хакери“ . Во овој период станува многу актуелна во американската јавност и пошироко, со бурниот љубовен живот, првите тетоважи по телото по кои стана и препознатлива. Успехот на планот на глумата следи по улогата во телевизискиот филм за животот на Џорџ Валас, поради што беше номинирана за наградата „Еми“ . По оваа почнува да се појавува во бројните ток-шоу програми на американските телевизиски станици, а се повеќе е присутна на насловните страници на најтиражните списанија. Во 1997 година режисерот Мајкл Кристофер ја ангажирал за главната улога во филмот „Џиа“, биографски филм за една маникенка која трагично го уништува својот живот со дрогата. Во 1998 година таа се приклучува на изворедната актерска екипа која ја сочинуваат Шон Конери, Џина Ровландс, Ентони Едвардс, Џилијан Андерсон, Рајан Филип и Медлин Стоув во „Игра на срцето„ . За улогата во филмот „Девојка, прекината“ таа добива „Оскар“ за најдобра споредна женска улога. Во 2001 година го постигнува својот најголем успех со улогата во филмот „Лара Кроф:Том Рајдер“, филм базиран на позната видеоигра. Во филмот во улога на таткото на Лара Кроф се појавува и нејзиниот вистински татко Џон Војт. Во периодот од 2003 до 2004 година ги снима филмовите „Лара Кроф Том Рајдер:Колевка на животот“ , „Преку граница“ , „Одземање животи„ , „Небесниот капетан и светот на утрешницата“ , „Александар“ .

Наводи[уреди]

  1. Pomerantz, Dorothy. "Hollywood's Top-Earning Actresses". Forbes. July 1, 2009. Retrieved July 7, 2011.
  2. Pomerantz, Dorothy. "Hollywood's Highest-Paid Actresses". Forbes. July 5, 2011. July 7, 2011.
  3. "Nicole Kidman Tops The Hollywood Reporter's Annual Actress Salary List". PR Newswire. November 30, 2006. Retrieved July 7, 2011.
  4. "Angelina Jolie Movie Box Office Results". Box Office Mojo. Retrieved July 7, 2011.
  5. "Sexiest Woman Alive". Esquire. November 2004. Retrieved July 7, 2011.
  6. Soriano, César G. "Jolie sizzles atop 'FHM' sexiest list". USA Today. March 23, 2005. Retrieved July 7, 2011.
  7. Campbell-Johnston, Rachel. "The most beautiful women?". The Sunday Times. June 1, 2005. Retrieved July 7, 2011.
  8. "2006's Most Beautiful Star: Angelina Jolie". People. April 26, 2006. Retrieved July 7, 2011.
  9. "Jolie named 'sexiest person ever'". BBC News. February 24, 2007. Retrieved July 7, 2011.
  10. "Angelina Jolie 'Sexiest Movie Star Ever'". DanceWithShadows.com. December 11, 2007. Retrieved July 7, 2011.
  11. Silverman, Stephen M. "Angelina Jolie, Johnny Depp Most Beautiful Down Under". People. April 9, 2009. Retrieved July 7, 2011.
  12. "Angelina Jolie Is the Most Beautiful Woman in the World". Vanity Fair. April 13, 2009. Retrieved July 7, 2011.