Сочи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сочи
Сочи (руски)
-  Град[1]  -
Зимний театр (Сочи).jpg
Зимски театар во Сочи
Сочи се наоѓа во Русија
Сочи
Местоположба на Сочи во Russia
Координати: 43°35′07″ СГШ 39°43′13″ ИГД / 
Coat of Arms of Sochi (Krasnodar krai).svg
Flag of Sochi (Krasnodar krai).svg
Грб
Знаме
Админ. статус (мај 2013)
Земја Русија
Фед. субјект Краснодарски крај
Подреден на Град Сочи[1]
Админ. центар на Град Сочи[1]
Општински статус (јуни 2009)
Градски округ Урбан округ Сочи[2]
Админ. центар на Урбан округ Сочи[2]
Претседател[3] Анатолиј Пахомов[3]
Претставништво Градско собрание
Статистики
Површина (град) (јануари 2008) 17677 км²[4]
Население (Попис 2010) 343.334 жит.[5]
Ранг (2010) 52.
Густина 19[6]
Часовен појас [7]
Основан 1838[8][9]
Претходни имиња Даховски (до 1896)[10]
Пошт. бр. 354000, 354002–354004, 354008–354010, 354013, 354014, 354018, 354019, 354022, 354024, 354025, 354030, 354031, 354033, 354036, 354037, 354039, 354053–354055, 354057, 354059, 354061, 354065–354068, 354071, 354073, 354084, 354099, 354200, 354202–354214, 354216–354218, 354220, 354226, 354231, 354233, 354299, 354340, 354346, 354348, 354349, 354354, 354355, 354364, 354380, 354382, 354383, 354399, 993501
Повик. бр. +7 8622
Службен портал
Сочи на Ризницата

Сочи (руски: Со́чи) — град во Краснодарскиот крај, Русија, сместен на брегот на Црното Море близу границата помеѓу Грузија/Апхазија и Русија. Поголемата област на Сочи, која вклучува територии и области подредени на градот Сочи, има вкупна површина од 3.526 км²[4] и се протега 145 километри долж брегот на Црното Море близу Кавказот. Површината на самиот град изнесува 176,77 км².[4] Според пописот во 2010, градот имал постојано население од 343.334 жители,[5] додека во 2002 имал 328.809 жители,[11] со што е најголемо руско одморалиште. Тоа е едно од малкуте места во Русија со суптропска клима, со топли до жешки лета и свежни зими.

Сочи ќе биде домаќин на XXII Зимските олимписки игри и XI Зимски параолимписки игри во 2014, иако алпските и нордиските настани ќе се одржуваат во блискиот скијачки центар Роза Хутор во Краснаја Полјана. Сочи ќе биде домаќин на Големата награда на Русија во Формула 1 од 2014 и најмалку до 2010.[12][13] Исто така ќе биде еден од градовите домаќини за Светското првенство во фудбал 2018.

Географија[уреди]

Областа Сочи е распослана долж брегот на Црното Море со вкупна должина од 145 километри. Во зависност од изборот на границата помеѓу Европа и Азија, некои извори тврдат дека Сочи е во Европа, но доколку се користат Кавкаските Планини како граница, тогаш Сочи е во Југозападна Азија, припаѓајќи на јужната (азиска) страна на Големиот Кавказ.[14][15] Гледано административно, Сочи припаѓа на Краснодарскиот крај, кој географски целосно припаѓа на Европска Русија[16][17][18], како што вообичаено се смета за сите територии на Русија западно од планината Урал и од реката Урал.[19][20] Сочи се наоѓа на 1.603 километри од Москва.[21]

Градот Сочи се граничи со округот Туапсински на северозапад, со округот Апшеронски и со округот Мајкопски на Републиката Адигеја на север, со округот Мостовски на северозапад и со Апхазија на југоисток. На југозапад се граничи со Црното Море.

Map of Black Sea showing location of Sochi on the east coast
Карта на Црното Море и местоположбата на Сочи
Sochi seen from the Black Sea
Сочи погледнат од Црното Море


Големо мнозинство на населението на Сочи живее во тесниот појас долж брегот и е организирано во независни микроокрузи (порано населби). Најголем од овие окрузи, од северозапад на југоисток, се Лазаревскоје, Ло, Дагомис, Сочи (Централен градски округ), Хоста, Мацеста и Адлер. Целиот град е сместен на падините на Западна Кавказ, кој се спушта до Црното Море и е преселен од реките. Најголеми реки во Сочи се Мзимта, која е всушност најголема притока на Црното Море во Русија и Шахе. Други реки се Аше, Псезуапсе, Сочи, Хоста и Мацеста. Реката Псоу ја определува границата со Апхазија.

Североисточниот дел на градот припаѓа на Кавказ Заповедник, што претставува светско природно наследство, покривајќи огромни области во Краснодарски крај и Адигеја. Скоро целата област во Поголемиот Сочи, со исклучок на брегот и на областа што припаѓа Кавказ Заповедник, се вклучени во Националниот парк Сочи.

Демографија[уреди]

Градот има мнозинство на етнички Руси (~70%) и значајно ерменско малцинство (~20%), особено во градскиот округ Адлерски.[22][23]

Година Вк. население Урбан Руси Ерменци Украинци Грузијци
1887 98 н.п.
1891 460 н.п.
1897[24] 1.352 н.п 37,9% 6,0% 19,9% 17,1%
1904 8.163 н.п.
1916 13.254 н.п.
1926 13.000 н.п.
1939 72.597 49.813
1959 127.000 81.912
1970 245.300 203.100
1979 292.300 245.600
1989[25] 385.851 339.814
1992 369.900 322.400 68,7% 14,2% 5,9% 1,5%
1994 378.300 н.п.
1997 388.200 н.п.
2002[11][26] 397.103 332.778 67,5% 20,2% 3,7% 2,3%
2006 395.012 329.481
2007 402.043 331.059
2008 406.800 334.282
2009 410.987 337.947
2010[5] 420.589 347.932 69,92% 20,09% 2,29% 2,03%
Извор, ако не е поинаку обележано:[10][27][28][29]

Религија[уреди]

Црквата на Св. Мандалион

Пред 1864, Сочи бил мало село. На север, неколку стотици сунити со адигејско потекло, живееле околу Тхагапш, близу Лазаревскоје. Адигејците преминале од Ислам во Христијанство во XVII век.[30]

Моментално, Сочи е преовладувачки христијански град, иако се претпоставува дека има околу 20.000 муслимани (5% од населението), мнозинството од нив се Адигејци, како и други групи.[31]

Била изградена џамија во 2008 од ОАЕ во средишниот дел на Битха, како надополнување на старата џамија, која се наоѓала 40 километри северно од центарот на градот[31][32].

Постојат околу триесет православни цркви, а најголема помеѓу нив е онаа на Св. Михаил и два манастири, плус две католички цркви, една во центарот на Сочи и другата во Лазаревскоје. Ерменската заедница, која е важна во Сочи, поседува околу десет цркви.

Клима[уреди]

Сочи има влажна суптропска клима (Кепенова класификација на климата Cfa),[33][34] на пониските височини. Просечна дневна температура во градот е 18,4°C, додека ноќе паѓа на 11°C. Во најладните месеци, јануари и февруари, просечната температура изнесува околу 10°C преку ден и над 3°C ноќе, додека просечната морска температура е околу 9°C. Во најтоплите месеци, јули и август, температурата вообичаено се движи од 25°C до 29°C во текот на денот, околу 20°C ноќе, а просечната температура на морето се движи од 23°C до 24°C. Градот има околу 2.200 сончеви часови во текот на годината. Обично, летната сезона трае шест месеци, од мај до октомври. Два месеци, април и ноември, се преодни; понекогаш температурите достигнуваат 20°C, со просечна температура од околу 16°C по ден и 9°C ноќе. Декември, јануари, февруари и март се најладни месеци, со просечни температури (од овие четири месеци) 11°C во текот на денот и 4°C ноќе. Просечно има околу 1700 мм врнежи во текот на годината.[9][34][35] Сочи се наоѓа на истата должина како Ница, но силните студени ветришта од Азија ги прават зимите помалку топли. Всушност, температурите паѓаат под нулата секоја зима на еден или два дена. Највисока забележана температура била 39,4°C на 30 јули 2000, а најниска забележана температура била -13,4°C на 25 јануари 1892.[36]

Клима на Сочи
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Апсолутна максимална (°C) 21,2 23,8 30,0 31,6 34,3 35,5 39,4 36,3 36,0 32,1 29,1 23,1 39,4
Просечна максимална (°C) 10,3 10,4 12,8 16,3 20,5 24,8 28,0 28,8 25,5 21,0 16,1 12,3 18,9
Просечна температура (°C) 5,9 6,0 8,4 11,7 16,0 20,5 23,8 24,4 20,5 16,0 10,7 7,5 14,3
Просечна минимална (°C) 2,5 2,5 4,7 7,8 11,8 16,5 19,8 20,5 16,5 12,3 7,0 4,0 10,5
Апсолутна минимална (°C) −13,4 −12,6 −6,9 −5 3,0 7,1 12,6 10,4 2,7 −3,2 −5,4 −8,3 −13,4
Просечно кол. врнежи (мм) 184 135 121 120 110 104 128 121 127 167 201 185 1.703
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 19 18 18 18 16 14 11 10 13 15 17 20 189
Снежни денови (≥ 2,0 см) 6 6 3 0,3 0 0 0 0 0 0 1 4 20
Влага (%) 73 72 72 75 79 79 79 78 76 76 74 72 75
Сончеви часови (месечно) 96,1 107,4 145,7 162,0 220,1 258,0 279,0 282,1 225,0 195,3 120,0 86,8 2.177,5
Просечни температури на морето (1977–2006).[37]
Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Год
9,6°C 8,7°C 9,6°C 11,2°C 15,2°C 19,6°C 24,0°C 25,3°C 23,1°C 19,5°C 14,9°C 11,5°C 16,0°C

Познати луѓе[уреди]

Збратимени градови[уреди]

Поврзано: Список на збратимени градови во Русија

Сочи е збратимен со следниве градови:

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Регистар на административно-територијалните единици на Краснодарскиот крај
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ref753.
  3. 3,0 3,1 Официјална страница на Сочи (руски)
  4. 4,0 4,1 4,2 Городское Собрание Сочи. Решение №89 от 14 июля 2009 г. «Об утверждении генерального плана городского округа города Сочи». Вступил в силу со дня опубликования. (City Assembly of Sochi. Decision #89 од July 14, 2009 „On the Adoption of the General Plan of the Urban Okrug of the City of Sochi“. Стапил на сила the publication date).
  5. 5,0 5,1 5,2 „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. „Всероссийская перепись населения 2010 года“. Федерална служба за државна статистика. 2011. http://www.gks.ru/free_doc/new_site/perepis2010/croc/perepis_itogi1612.htm. конс. 29 јуни 2012. 
  6. The value of density was calculated automatically by dividing the 2010 Census population by the area specified in the infobox. Please note that this value may not be accurate as the area specified in the infobox does not necessarily correspond to the area of the entity proper or is reported for the same year as the population.
  7. Правительство Российской Федерации. Постановление №725 от 31 августа 2011 г. «О составе территорий, образующих каждую часовую зону, и порядке исчисления времени в часовых зонах, а также о признании утратившими силу отдельных Постановлений Правительства Российской Федерации». Вступил в силу по истечении 7 дней после дня официального опубликования. Опубликован: „Российская Газета“, №197, 6 сентября 2011 г. (Влада на Руската Федерација. Решение #725 од 31 август 2011 „За составот на териториите што го сочинуваат секој часовен појас и постапката за сметање на времето во часовните појаси, како и отповикувето на извесни Решенија на Владата на Руската Федерација“. Стапил на сила со истекот на 7 дена од официјалнотоо објавување).
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име mus.
  9. 9,0 9,1 Голема советска енциклопедија. Entry on Sochi (руски)
  10. 10,0 10,1 Сочи во Големата советска енциклопедија (руски)
  11. 11,0 11,1 „Численность населения России, субъектов Российской Федерации в составе федеральных округов, районов, городских поселений, сельских населённых пунктов – районных центров и сельских населённых пунктов с населением 3 тысячи и более человек“. „Всероссийская перепись населения 2002 года“. Федерална служба за државна статистика. 21 мај 2004. http://www.perepis2002.ru/ct/doc/1_TOM_01_04.xls. конс. 9 февруари 2012. 
  12. Сочи домаќин на Зимските олимписки игри 2014 BBC Sport, 4 јули 2007
  13. PM Putin confirms Russian GP for 2014 GPUpdate, 15 октомври 2010
  14. „National Geographic Atlas“. National Geographic Society. 2011. стр. 59. 
  15. „Merriam-Webster's Geographical Dictionary“. Merriam-Webster. 1997. стр. 37, 80. 
  16. Department of Investments and Project Support of Krasnodar region: Main page. Investkuban.ru. 26 јули 2012.
  17. Krasnodar region location on the map of Europe. Investkuban.ru. 26 јули 2012.
  18. Krasnodar Region. Eng.spb-venchur.ru. 26 јули 2012.
  19. European Russia – Map of Russia, European Russia Map, Russia Countries. Worldatlas.com. 26 јули 2012.
  20. Russia Europe. Wwp.greenwichmeantime.com (16 мај 2011). 26 јули 2012.
  21. Travel Destinations Sochi Russia by Michael Totten | Traveler's Guide 360. Travelersguide360.com (11 февруари 2013). 3 јануари 2014.
  22. Cordula Gdaniec, ed., Cultural Diversity in Russian Cities: The Urban Landscape in the Post-Soviet Era (Berghahn Books, 2010), 117.
  23. Kimitaka Matsuzato, "Transnational minorities challenging the interstate system: Mingrelians, Armenians, and Muslims in and around Abkhazia," Nationalities Papers 39 (September 2011), 820.
  24. Попис 1897. demoscope.ru (руски)
  25. Демоскоп Weekly (1989). „Всесоюзная перепись населения 1989 г. Численность наличного населения союзных и автономных республик, автономных областей и округов, краёв, областей, районов, городских поселений и сёл-райцентров.“. „Всесоюзная перепись населения 1989 года“. Институт за демографија на Вишата економска школа при Државниот универзитет. http://demoscope.ru/weekly/ssp/rus89_reg.php. конс. 9 февруари 2012. 
  26. Федеральная Служба Государственной Статистики. Краснодарский краевой комитет государственной статистики «Национальный состав и владение языками, гражданство. Итоги Всероссийской переписи населения 2002 года по Краснодарскому краю. Том 4», г. Краснодар, 2005
  27. Население на Руската Федерација по градови и окрузи на 1 јануари 2007: Ростат, Москва, 2007
  28. Половинкина Т. В. Сочинское Причерноморье – Нальчик (2006) pp. 216–218, ISBN 588195775X
  29. 4. Население (R_04.doc) in Российский статистический ежегодник 2011, www.gks.ru, ISBN 978-5-89476-319-4
  30. "Rekhaniya". Еврејска виртуелна библиотека.
  31. 31,0 31,1 Сочи, град без џамија, OpenDemocracy, 22 октомври 2010
  32. В ауле Тхагапш произошло знаменательное для верующих мусульман событие. (руски). Shapsugiya.ru (9 септември 2010). 26 јули 2012.
  33. „World Map of Köppen−Geiger Climate Classification“. http://koeppen-geiger.vu-wien.ac.at/. 
  34. 34,0 34,1 doi:10.1007/BF00717701
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  35. Rybak, Elena A.; Rybak, Oleg O. and Zasedatelev, Yuri V. (1994). „Complex geographical analysis of the Greater Sochi region on the Black Sea coast“. „GeoJournal“ 34 (4): 507–513. http://link.springer.com/article/10.1007%2FBF00813147. 
  36. „Weather and Climate – The Climate of Sochi“ (на руски). Weather and Climate (Погода и климат). http://www.pogodaiklimat.ru/climate/37099.htm. конс. 23 мај 2013. 
  37. Температури на водата во Сочи 1977–2006 (на руски), 9 август 2012.
  38. Андреј Гејм - Биографија, Добитници на Нобелова награда (физика, 2010)
  39. Сильнейшие спортсмены СССР наши коллеги по движению «Мастерс»: Т-Я. swimmingmasters.ru
  40. Збратимени градови на Сочи (Русија). cheltenham.gov.uk
  41. Gemellaggi. Официјална страница на Римини
  42. "Tiesitkö, että" (фински) in Ee-mail, јануари 2007, p. 6. espoo.fi
  43. Online Directory: Russian Federation, Eurasia. sister-cities.org
  44. 44,0 44,1 44,2 Официјална страница на Сочи
  45. Греческий Волос и российский Сочи стали городами-побратимами“, Interfax, 26 мај 2005 (конс. 8 јули 2007).

Надворешни врски[уреди]