Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун“
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1911
Времетраење11 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
СледенТурскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола

Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун — филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од 11 минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм филм.[1]

Историска позадина[уреди | уреди извор]

По победата на Младотурската револуција (1908 година), на местото на Абдул Хамид II, во 1909 година за нов султан бил поставен Мехмед V Решад, кој владеел до 1918 година и бил претпоследен турски султан. Во 1911 година Мехмед V Решад тргнал во посета на најоддалечените европски краеви на своето царство и при оваа своја обиколка ги посетил Солун и Битола. Браќата Манаки успеале да издејствуваат специјална дозвола за да го придружуваат и снимаат султанот за време на неговиот престој, реализирајќи две импозантни филмски целини за неговите посети на Солун и на Битола.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Солунското пристаниште

Иако само единаесетминутен, овој краток филм прикажува барем три драматуршки цврсто поврзани секвенци:

  • пристигнувањето на султанот во солунското пристаниште;
  • неговиот пат низ солунските улици, преку низа манифестации, паради и смотри;
  • заминувањето на султанот со воз од Солун и неговиот пат до Битола.

За овие последни секвенци е интересно што тие се снимени од возот во движење така што се забележани попатни предели и железнички станици низ кои минувал султанот и неговата експедиција.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]