Румелихисар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Румелихисар
Rumeli Hisarı
Римска тврдина

Поглед кон тврдината
Општи информации
Град Истанбул
Земја Турција

Румелихисар (Римска тврдина или Румелиска тврдина) е тврдина која се наоѓа во Саријер, област на Истанбул, Турција, на еден рид на европската страна на Босфорот. Таа го дава името на населбата околу неа. Румелихисар е изграден од страна на османлискиот султан Мехмед II, помеѓу 1451 и 1452 година, пред тој да го покори Константинопол. Трите големи кули биле именувани по трите везири на султанот, Халил паша, кој во голема кула изградена веднаш до портата, Заганош Паша, кој ја изградил кулата на југ, и Сарика Паша, кој ја изградил кулата на север.

Конструкција[уреди]

Румелихисар се наоѓа на најтеснит дел од Босфорскиот теснец од 660 метри и е во непосредна (спротивна) близнина на Анадолски Хисар кој бил изграден во времето на Бајазит I. Местото било изберено за да се спречи помошта на престолнината која престигнувала преку Црно море за време на османлиската опсада. Во претходните опсади на градот, султанот најмногу се соочувал со проблеми поради блокадата на Босфор од страна на взантиската флота. Тврдината која на ова место постоела во времето на Римската империјабила користена како затвор, а подоцна на ова место постоел и манастир.

Во рамките на подготовките за освојувањето на Константинопол, Султанот Мехмед II (1432-1481), син на Мурат II, започнал да ја реализира изградбата на тврдината веднаш по неговото второ искачување на тронот во 1451 година. Тој ја одбил молбата за мир со византискиот император Константин XI Палеолог (1404-1453), кој ја разбрал пораката која султанот ја истаќал со изградбата на тврдината. Изградбата започнала на 15 април 1452 година. Секоја од трите главни кули биле именувани по пашите кои ја надгледувале нивната конструкција. Султанот лично на неколку пати доаѓал за да ја надгледува изградбата. Со помош на илјадници ѕидари и работници, тврдината била завршена во рекордно време од 4 месеци и 16 дена на 31 август, 1452 година.

Архитектура[уреди]

Тврдината Румелихисар се состои од една мала кула, три главни кули и тринаесет мали караули поставени и поврзани со ѕидините на тврдината. Една караула е во вид на квадратна призма, шест караули се оформени како призми со многу агли и шест други се цилиндрични. Главната кула која се наоѓа на север и е во цилиндрична форма, е висока 28 метри (92 стапки), со дијаметар од 23,30 метри и нејзините ѕидови се 7 m дебели. Денес, оваа кула е наречена кула Фатих (Освојувачот) по Султан Мехмед II. Халил паша кула, која е во форма на призма призма, е сместена во средината на тврдината, е висока 22 метри со дијаметар од 23,30 метри и дебелина на ѕидините до 6,50 метри. Главната кула се наоѓа на на југ, и се вика Заганос кула. Таа има цилиндрична форма и е висока 21 метри (69 стапки), со дијаметар од 26,70 метри и дебелина на ѕидините од 5,70 m.

Тврдината, која била дизајнирана од архитектот Муслихидин. Во почетокот тврдината се нарекувала Богажкесен. Подоцна таа била преименувана под денешното и име кое име во превод значи “тврдина на земјата на Римјаните“ односно на византиска Европа.

По падот на Константинопол, тврдината служела како резиденција во која султанот ги примил своите гости. Своето значење тврдината го изгубила кога на бреговие биле изградени повеќе тврдини. Во 17 век. Потоа таа се користела како затвор, пред сѐ за странски воени затвореници. Румелихисар била делумно уништена од земјотрес во 1509 година, а веќе во следните години истата била на неколку пати реновирена. Во 1746 година, пожарот кој избувнал ги уништил дврените делови на главните кули. Во времето на Селим III таа повторно била изградена.

Тврдината денес[уреди]

Во 1953 година, по наредба на претседателот Целал Бајар, жителите од реонот биле преселени по кое започнала обемна поправка на целиот комплекс на 16 мај 1955 година, која траела до 29 мај 1958 година. Од 1960 година, Румелихисар бил претворен во музеј. Освен како музеј, тврдината се користи и како отворен театар за различни фестивални концерти во текот на летните месеци.

Мостот султан Мехмет го поврзува комплексот со градот. Румелихисар е отворен за јавноста секој ден освен во среда. Изградбата била прикажана на турската банкнота од 1939-1986 година[1].


Литература[уреди]

  1. The fortress was depicted in the following Turkish banknotes:
    • On the reverse of the 1 lira banknote of 1942-1947 (2. Emission Group - One Turkish Lira - I. Series).
    • On the reverse of the 500 lira banknotes of 1939-1946 (2. Emission Group - Five Hundred Turkish Lira - I. Series & II. Series).
    • On the reverse of the 100 lira banknote of 1947-1952 (4. Emission Group - One Hundred Turkish Lira - I. Series).
    • On the reverse of the 1000 lira banknote of 1953-1979 (5. Emission Group - One Thousand Turkish Lira - I. Series).
    • On the reverse of the 1000 lira banknotes of 1978-1986 (6. Emission Group - One Thousand Turkish Lira - I. Series, II. Series & III. Series).
    Central Bank of the Republic of Turkey. Banknote Museum. – Links retrieved on 20 April 2009.

Надворешни врски[уреди]