Константин XI Палеолог
| Константин XI Палеолог Κωνσταντῖνος ΙΑ' Παλαιολόγος |
|
|---|---|
| Византиски цар | |
| Константин XI Палеолог | |
| Владеење | 6 јануари 1449 – 29 мај 1453 |
| Крунисување | 6 јануари 1449 |
| Претходник | Јован VIII Палеолог |
| Наследник | Office abolished |
| Сопруг | Мадалена Токо Катерина Гатилузио |
| Потомци | |
| нема | |
| Dynasty | Династија Палеолог |
| Татко | Мануел II Палеолог |
| Мајка | Елена Драгаш |
Константин XI Палеолог (грчки: Κωνσταντίνος ΧΙ Παλαιολόγος) во историјата познат и како Константин XI Драгаш, (грчки Κωνσταντίνος ΧΙ Δραγάσης), роден е на 8 февруари 1405, а починал на 29 мај 1453) бил деспот на Мореја[1](совладетел 1428-1437, 1443 -1449), царски регент во Цариград (1423-1424 и 1437-1440) и последен византискиот император, од 1 јуни 1449 година до неговата смрт.[2][3][4] Тој ѝ припаѓал на династијата Палеолог. Бил син на Мануел II (1391-1425) и на српската принцеза Елена Драгаш, чие презиме го користел.
Како деспот на Мореја го покорил Атинското војводство, му помогнал на неговиот брат Тома да го покори Ахајското кнежество и да го изгради коринтскиот ѕид (познат по називот Хексамилеон - кој го добил името поради тоа што бил долг шест милји)
Како последен византискиот император се обидел да добие поддршка во Западна Европа за одбраната на царството, но не успеал во тоа. Во период од околу два месеци успевал да ги спречи Турците да го заземат Цариград. Одбрана на градот била совладана на 29 мај. Се смета дека тогаш тој бил убиен во обид да го запре навлегувањето на Османлиите во Цариград.
Содржина |
Неговата смрт и наследство [уреди]
Иако некои тврдат дека неговиот труп бил идентификуван по битката според неговите пурпурно обоени чизми[се бара извор], други тврдат дека Турците никогаш не успеале да го идентификуваат неговото тело и дека е многу веројатно телото на последниот римски да е закопано во масовна гробница заедно со своите војници.[се бара извор]
Додека служел како амбасадор во Русија, во февруари 1834, Ахмед Паша на царот Николај му подарил повеќе подароци вклучувајќи и нож украсен со скапоцени камења кој наводно бил земен од трупот Константин XI.[5]
Наследство на Константин XI било користено како повик за Грците во времето на нивната војна за независност со Отоманската империја. Денес Константин XI се смета за национален херој во Грција.
За време на балканските војни и на Грчко-турската војна, под влијание на Големата Идеја името на тогашниот грчки крал Константин I од Грција се користело како потврда на пророштвото од легендата за кралот од мермер кој треба да го ослободи Цариград да ја возобнови изгубената империја.
Легенда [уреди]
Една од најпознатите легенди е онаа за последниот византиски император. Оваа легенда е можеби најпривлечна, бидејќи никој не знае што всушност се случило со императорот по зазимањето на градот. Самиот султан дал голема награда за оној кој ќе ја донесе главата на Константин. Според една верзија, тој бил убиен пред портите на градот и главата му била однесена пред султанот. Сепак, според легендата, кога еден османлиски војник ја дигнал својата рака за да ја отсече главата на Константин ІХ, во ист момент се појавиле ангели и го однеле императорот во непознат правец. Христијаните денеска веруваат дека бил однесен од Златната порта. Ангелите го сокриле во една подземна пештера, каде императорот заспил и се претворил во мермер. Така, според оваа легенда, мермерниот император ќе спие додека Константинопол не биде ослободен од Турците. Кога ова ќе се случило, тој ќе се разбудил и со својот меч ќе ги нападне сите војски до црвеното јаболко. За ова јаболко се смета дека претставува само митолошки топоним, кое во превод значи далечниот град. Кога Османлиите разбрале за императорот, започнале да ја бараат пештерата, но не можеле да ја пронајдат. Така, поради нивниот страв да не влезе повторно Константин во градот, султанот наредил Златната порта да биде соѕидена.[6][7].
Литература и белешки [уреди]
- ↑ Средовековен назив за полуоетровот Пеолопнез
- ↑ The last centuries of Byzantium, 1261-1453 Donald MacGillivray Nicol - Cambridge University Press, 1993 p.369
- ↑ History of the Byzantine Empire, 324-1453, A.Vasiliev - 1958, volume 2 p.589
- ↑ World History, William J. Duiker, Jackson J. Spielvogel 2009, Volume I p.378
- ↑ Niles' Register, "Russia and Turkey", February 1834. Page 426.
- ↑ The Marble King (in Greek)
- ↑ Odysseas Elytis's poem on Constantine XI Palaeologos
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Константин XI Палеолог“ |
| Византиско царство | ||
| Византиска култура | Историја на Византија | Уредување на Византија |
|---|---|---|
|
Архитектура |
Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I |
|
- Родени на 8 февруари 1405
- Родени во февруари 1405
- Родени во 1405 година
- Починати на 29 мај 1453
- Починати во мај 1453
- Починати во 1453 година
- Статии со непотврдени изјави
- Источни католички светци
- Православни светци
- Византиски светци
- Православни монарси
- Римокатолички монарси
- Палеолози
- Римокатолички светци од Грција
- Римски императори убиени во битка
- Византиски императори од 15 век