Луј Жан Пјер Вјејо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Луј Жан Пјер Вјејо (француски: Louis Jean Pierre Vieillot; 10 мај 1748, Ивето – 1831, Руан) — француски орнитолог.

Опишал за прв пат голем број на птици, особено оние што ги сретнал во Западните Инди и Северна Америка. Од нив и денес се користат 26 рода. Бил меѓу првите орнитолози што ги проучувале промените во перјето, и еден од првите што проучувал живи птици и нивните кожи.[1]

Биографија[уреди]

Вјејо е роден во Ивето, Горна Нормандија. Бил на службен пат на карипскиот остров Хиспањола, но бил принуден да пребега во САД за време на Француската револуција. Во текот на неговиот престој, Вјејо ги изучувал птиците во земјата, собирајќи материјали за подоцна објавеното дело „Природознание на севернамериканските птици“ (Histoire naturelle des oiseaux de l'Amérique Septentrionale, 1808).

Во 1800/1801 г. се вратил во Франција, каде се вработил во гласилото „Правен билтен“ (Bulletin des Lois). И понатаму продолжил да пишува трудови за птиците, па следната година го издал делото „Природознание на колибријата, птиците-глувци, јакамарите и шеќерниците“ (Histoire naturelle et générale des colibris, oiseaux-mouches, jacamars et promerops, 1802) with illustrations by his friend Жан Батист Одбер, followed by „Природознание на најубавите песнопојни птици од топлиот појас“ (Histoire naturelle des plus beaux oiseaux chanteurs de la zone torride, 1806).

Во трудот „Анализа на нова основна орнитологија“ (Analyse d'une nouvelle Ornithologie Elémentaire, 1816), Вјејо го изложил негивот систем на орнитолошка класификација, и продолжил да го разработува во неговиот удел во делото „Нов природонаучен речник“ (Nouveau Dictionaire d'Histoire Naturelle, 1816–19). Во 1820 г. продолжил да работи на делото „Енциклопедиско-методична табела“ (Tableau encyclopédique et méthodique), започнато од Пјер Жозеф Бонатер во 1790 г. На крајот од животот го довршил делото „Француска орнитологија“ (Ornithologie Française, 1823–30).

Се смета дека починал во беда во Руан.

Видови наречени по Вјејо[уреди]

Во чест на Вјејо се наречени повеќе птици, меѓу кои Вјејоовата брадарка (Lybius vieilloti) и порториканската гуштероловна кукавица или Вјејоова кукавица (Saurothera vieilloti).

Дела[уреди]

  • Histoire naturelle des plus beaux oiseaux chanteurs de la zone torride. Dufour, Париз 1805.
  • Histoire naturelle des oiseaux de l'Amérique septentrionale. Desray, Париз 1807–1808.
  • Analyse d'une nouvelle ornithologie élémentaire. d'Éterville, Париз 1816.
  • Mémoire pour servir à l'histoire des oiseaux d'Europe. Торино 1816.
  • Ornithologie. Lanoe, Париз 1818.
  • Faune française ou Histoire naturelle, générale et particulière des animaux qui se trouvent en France. Le Vrault & Rapet Париз, Стразбур, Брисел, 1820–1830.
  • La galerie des oiseaux du cabinet d'histoire naturelle du jardin du roi. Aillard & Constant-Chantpie, Париз 1822–1825.
  • Ornithologie française ou Histoire naturelle, générale et particulière des oiseaux de France. Pelicier, Париз 1830.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]