Бутрос Бутрос-Гали

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бутрос Бутрос-Гали
بطرس بطرس غالي
Naelachohanboutrosghali-2.jpg
Роден 14 ноември 1922
Каиро, Египет
Занимање Генерален секретар на ООН


Бутрос Бутрос-Гали (арапски: بطرس بطرس غالي) е египетски политичар и дипломат, поранешен генерален секретар на ООН.

Бутрос Гали е роден на 14 ноември 1922 година во Каиро, Египет. Тој произлегува од видно коптско семејство. Неговиот дедо, со исто име, кон почетокот на 20 век бил премиер на Египет.

На функцијата генерален секретар на ООН бил од 1992 до 1996 година. Во текот на неговиот мандат, организацијата се соочила со финансиски недостатоци. Бил критикуван за провалот кој се слуќил за спречување на геноцидот во Руанда во 1994 година.

Тој бил првиот секретар на ООН кој не бил избран по втор пат на истата функција. Бутрос Бутрос-Гали бил наследен од страна на Кофи Анан.