Ден на сите светци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Ден на сите светци
Ден на сите светци
Дело од Фра Анџелико
Прославуван во Католичка црква,
Православие,
Англиканска црква,
Лутеранство,
Методизам,
друѓи протестантски деноминации
Вид Христијански празник
Датум 1 ноември (Западно христијанство)
недела по Петдесетница (Источно христијанство)
Обичаи Служба на обожавање
Поврзан со Ноќ на вештерките


Денот на сите светци (латински: Sollemnitas Omnium Sanctorum) е католички празник согласно календарот на Римокатоличката Црква, а со него се празнуваат сите светци, како оние кои веќе се канонизирани, така и они кои сѐуште не се. Денот на сите светци се празнува на 1 ноември. Во православните цркви овој празник се обележува на Духовден и го означува завршувањето на велигденскиот дел од литургиската година.

Содржина

[уреди] Потекло

Овој празник води потекло од 4 век. Првите траги на општо прославување на сите светци се забележани најпрвин во Антиохија и тоа на Духовден. Овој обичај е забележан и во 74 хомилија на свети Јован Златоуст (407 год.) и така и до ден денес се задржал во источните православни цркви.

Папата Григур III (731 - 741) го поместил овој празник на 1 ноември со цел да може да се совпадне со древниот келтски празник Самхаин кој го означувал почетокот на Новата година. На тој начин одговорил на барањата на ирските монаси.

Во времето на Карло Велики овој празник веќе пошироко се обележувал а кралот Луј Побожниот во 835 год. го прогласил за државен празник. Одлуката за тоа била донесена на „барање од страна на папата Григур IV со согласност од сите бискупи[1]

[уреди] Денес

Во календарот на Католичката Црква, Денот на сите светци е означен како празничен ден, а во католичките земји тоа е воедно и државен празник. Во народот овој ден обично се поврзува со посета на гробиштата и уредување на гробовите, па така и со спомен на мртвите. Сепак, во Црквата Споменот на сите мртви верници или Духовден се обележува еден ден подоцна, на 2 ноември.

Освен во Католичката Црква, овој ден се обележува и во Англиската црква, како и во многу други евангелистички цркви, иако таму тој попримил други форми, во зависност од соодветната Црква.

[уреди] Наводи

  1. The Catholic Encyclopedia (New York, Robert Appleton Company, 1907), s.v. "All Saints' Day" (see External links, below).

[уреди] Видете исто така и

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици