1
| < 1 век п.н.е. | 1 век | 2 век > | |||||||
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1 I |
| Ab urbe condita | 754 |
| Асирски календар | 4751 |
| Бахајски календар | -1843–-1842 |
| Бенгалски календар | -592 |
| Берберски календар | 951 |
| Будистички календар | 545 |
| Бурмански календар | -637 |
| Византиски календар | 5509–5510 |
| Еврејски календар | 3761–3762 |
| Ерменски календар | нема |
| Етиопски календар | -7–-6 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | -999–-998 |
| Ирански календар | 621 п.с. – 620 п.с. |
| Исламски календар | 640 пред хиџра – 639 пред хиџра |
| Јапонски календар | |
| Јулијански календар | 1 I |
| Кинески календар | 庚申年 (2637/2697) — до —
辛酉年(2638/2698) |
| Коптски календар | -283–-282 |
| Корејски календар | 2334 |
| Календар Мингуо | 1911 пред РК 民前1911年 |
| Селевкидски календар | 312–313 |
| Тајландски сончев календар | 544 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 57–58 |
| - Шака самват | нема |
| - Кали југа | 3102–3103 |
| Француски револуционерен календар | – -1791–-1790 |
| Холоценски календар | 10001 |
| Џуче-календар | нема (пред 1912) |
1 (I) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1. година од новата ера, 1. од првиот милениум, 1. од 1 век и прва од 0-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5509 и 5510 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4751 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3761 и 3762 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 754.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1. година се протега во 2637 и 2638, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2697 и 2698 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 544. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 640 и 639 година пред хиџра.
Настани [уреди]
Според место [уреди]
Римско царство [уреди]
- Тибериј, по наредба на Август, ги задушува немирите во Германија (1–5).
- Гај Цезар и Луциј Емилиј Павел се назначени за конзули.
- Гај Цезар се жени со Ливила, ќерка на Антониа Минор и Неро Калудиј Друсус, во желба да освои слава.
- Конструиран е Аква Алсиента аквадукт.
Азија [уреди]
- Почеток наЈуанши периодот на кинеската Хан династија.
- На Конфучиј му е дадена кралска титула.
Африка [уреди]
- Кралството Аксум, денес Етиопија и Еритреја, е основано.
По тема [уреди]
Уметности и наука [уреди]
- Поемата Метаморфози е напишана од страна на Овидиј.
- Ливи го пишува неговото монументално дело Историјата на Рим (Ab Urbe Condita).
Религија [уреди]
- Според легендата можно е раѓањето на Исус Христос.
- Будизмот е воведен во Кина.
Родени [уреди]
- Луциј Анеј Галион, римски проконзул (починал во 65 година);
- Квинтилиј Варус, син на Публиус Квинтилис Варус и Клаудија Пуре (починал во 27 година).
Починале [уреди]
- Аршак II од Иберија, крал на Иберија.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1“ |