2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
< 1 век п.н.е. 1 век 2 век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
2 г.  во други календари
Грегоријански календар 2
II
Ab urbe condita 755
Асирски календар 4752
Бахајски календар -1842–-1841
Бенгалски календар -591
Берберски календар 952
Будистички календар 546
Бурмански календар -636
Византиски календар 5510–5511
Еврејски календар 3762–3763
Ерменски календар нема
Етиопски календар -6–-5
Календар Игбо
 - Нри-Игбо -998–-997
Ирански календар 620 п.с. – 619 п.с.
Исламски календар 639 пред хиџра – 638 пред хиџра
Јапонски календар
Јулијански календар 2    II
Кинески календар 辛酉
(2638/2698)
— до —
壬戌
(2639/2699)
Коптски календар -282–-281
Корејски календар 2335
Календар Мингуо 1910 пред РК
民前1910年
Селевкидски календар 313–314
Тајландски сончев календар 545
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 58–59
 - Шака самват нема
 - Кали југа 3103–3104
Француски револуционерен календар
-1790–-1789
Холоценски календар 10002
Џуче-календар нема (пред 1912)

2 (II) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 2. година од новата ера, 2. од првиот милениум, 2. од 1 век и втора од 0-тите.

Други календари[уреди]

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5510 и 5511 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4752 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3762 и 3763 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 755.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2. година се протега во 2638 и 2639, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2698 и 2699 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 545. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 639 и 638 година пред хиџра.

Настани[уреди]

  • Артавазд III, син на Ариобарзан II, станува крал на Ерменија;
  • Во Кина после една година е завршен пописот на граѓани: првите бројки покажуваат дека во Кина има околу 60 милиони граѓани (59,594.978 луѓе, нешто повеќе од 12 милиони домаќинства). Овој попис е еден од најпрецизните пописи во кинеската историја[1]. Истиот попис покажува дека скоро милион граѓани живеат во Виетнам.

Родени[уреди]

  • Денг Ју, кинеско војсководец и државник во службата на династијата Хан (починал во 58 година).

Починале[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Klingaman, William K., The First Century: Emperors, Gods and Everyman, 1990, p 56