Јане Кирил Миљовски е роден во Скопје на 1 мај 1946 година. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Економскиот факултет во Скопје. Својот работен век го започнува во Извршен совет на СРМ, и оттаму се вработува на Правниот факултет во Скопје како асистент по предметот Политичка економија. Потоа е избран за доцент и редовен професор на факултетот. Предава Економика. Освен на Правниот факултет, предавања држи и на Факултетот за новинатство. Моментално е ректор на New York University во Скопје. Одлично зборува германски и англиски јазик а има и скромни познавања од францускиот јазик. Бил член на првите Влади на Република Македонија, и тоа како министер без ресор, министер за финансии и потпретседател на Влада задолжен за европска интеграција.
Во Скопје е познат како голем љубител на музика, дискофил и аудиофил. Стален гостин е на Скопскиот Џез фестивал. Заштитен знак му е лептир машна.