Никола Поповски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Никола Поповски

Во служба
3 октомври 2002 – 7 ноември 2003
Претседател Борис Трајковски
Претходник Стојан Андов
Наследник Љупчо Јордановски

Во служба
7 ноември 2003 – 29 август 2006
Претседател Бранко Црвенковски
Радмила Шекеринска (в.д.)
Хари Костов
Владо Бучковски
Претходник Петар Гошев
Наследник Трајко Славевски

Роден(а) 24 мај 1962
Скопје, СФРЈ
денес Република Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Сопружник Елизабета Поповска
Деца Кристијан Поповски
Професија економист
Вероисповед Православен христијанин

Никола Поповски (роден на 24 мај 1962 година во Скопје) е македонски политичар.

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на него на тема „Економски основи на информациското општество”.

Од 1992 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија, координатор на пратеничката група на СДСМ, член на Парламентарното собрание на Советот на Европа и член на повеќе комисии во Собранието на Советот на Европа во Стразбур. Во 1993 година е шеф на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, претседател на собраниските комисии за надворешна политика, екологија, млади и спорт и за финансирање и буџет.

Од 3 октомври 2002 до 7 ноември 2003 година ја врши функцијата претседател на Македонското собрание. На 7 ноември 2003 година станува министер за финансии во тогашната влада на Бранко Црвенковски. По парламентарните избори во 2006 година е избран за пратеник во Собранието и на таа функција останува до предвремените парламентарни избори во 2008 година.[1]

Од февруари 2009 година работи на Европскиот универзитет во Скопје како наставник по предметот Економија на развојот и Здравствено и социјално осигурување.

[уреди] Наводи



Coat of arms of the Republic of Macedonia.svg Министри за финансии на Република Македонија

Методија Тошевски | Џевдет Хајредини | Јане Миљовски | Таки Фити | Борис Стојменов | Никола Груевски | Петар Гошев | Никола Поповски | Трајко Славевски | Зоран Ставревски |


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици