Македонски парламентарни избори, 2006

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Република Македонија
Coat of arms of the Republic of Macedonia.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Република Македонија






други земји
 Портал „Политика“

Парламентарните избори 2006 година се одржани на 5 јули 2006 година, кој беше прв термин за редовни избори. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која подоцна и формира влада.

По изборите, мандатот за формирање на нова влада му беше даден на лидерот на победничката партија Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за премиер на владата во чиј состав влегоа претставници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП. Владата ја поддржаа и ДОМ и ПЕИ, кои сепак не добија министерски места. ВМРО-НП гласаше за владата, но не учествува во владината коалиција.

Парламентарните избори 2006 година, заедно со парламентарните избори 1998 година беа најрегуларни избори организирани по воведувањето на повеќепартиски, демократски избори во 1990 година.[се бара извор] Ова прашање беше суштинско на овие избори, бидејќи сè освен целосно регуларни избори ќе и' пречеа на Република Македонија на патот кон членство во Европската Унија.

Содржина

[уреди] Изборни резултати

На изборите победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати. Следи коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ со 32 мандати, коалицијата ДУИ-ПДП освои 18, ДПА - 11 мандати, Нова социјалдемократска партија 7, ВМРО-Народна партија 6, Демократска обнова на Македонија 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат.

Политички партии и коалиции Гласови % +/- Пратеници % +/-
За подобра Македонија ВМРО-ДПМНЕ 304.572 32,50 +3,47 38 31,7 +10
Либерална партија на Македонија 2 1,7 -3
Социјалистичка партија на Македонија 3 2,5 +2
Демократски сојуз 1 0,8 +1
Партија за движење на Турците во Македонија
Сојуз на Ромите од Македонија 1 0,8 +1
Странка на демократска акција на Македонија
Партија на Власите од Македонија
Европска партија на Македонија
Партија на зелените
Народно движење за Македонија
Бошњачка демократска партија
Партија на демократските сили на Ромите на Македонија
Партија за интеграција на Ромите
За Македонија заедно СДСМ 218.463 23,31 -18,27 23 19,2 -26
Либерално–демократска партија 5 4,2 -6
Демократска партија на Турците 2 1,7 +2
Обединета партија на Ромите 1 0,8 +1
Демократска партија на Србите 1 0,8 +1
Демократска унија на Власите
Работничка земјоделска партија
Социјалистичка христијанска партија на Македонија
Зелена партија на Македонија
Демократска унија за интеграција 113.522 12,12 -2,31 14 11,7 -2
Партија за демократски просперитет 3 2,5 +1
Демократска лига на Бошњаците
Демократска партија на Албанците 70.261 7,50 +2,15 11 9,2 +4
ВМРО-Народна партија 57.077 6,09 +6,09 6 5,0 +6
Нова социјалдемократска партија 56.624 6,04 +6,04 7 5,8 +7
Демократска обнова на Македонија 17.364 1,85 +1,85 1 0,8 +1
Партија за економска обнова 12.718 1,36 +1,36
Земјоделска народна партија на Македонија 12.628 1,35 +1,35
Партија за европска иднина 11.255 1,20 +1,20 1 0,8 +1
Демократска алтернатива 11.067 1,18 -0,28
Социјалдемократска партија на Македонија 8.226 0,88 +0,59
Група избирачи Панчо Минов 6.008 0,64 +0,64
Национално демократска партија 4.325 0,46 -1,75
Останати 70.781 3,52 +2,13 -1
Вкупен одзив 55,98% 974.891 100 120 100
Извор: Државна изворна комисија Собрание на Република Македонија

[уреди] Освоени мандати по изборни единици

Освоените мандати по изборни единици се следните:[1]

Партија/коалиција ИЕ 1 ИЕ 2 ИЕ 3 ИЕ 4 ИЕ 5 ИЕ 6 Вкупно
Коалиција „За подобра Македонија“ 7 7 10 11 8 2 45
Коалиција „За Македонија заедно“ 5 5 7 7 6 2 32
ДУИ и ПДП 2 3 0 0 2 10 17
ДПА 2 2 0 0 1 6 11
НСДП 2 2 1 1 1 0 7
ВМРО НП 1 1 2 1 1 0 6
ДОМ 1 0 0 0 0 0 1
ПЕИ 0 0 0 0 1 0 1
Вкупно 20 20 20 20 20 20 120

[уреди] Гласачки одзив

Гласачкиот одзив беше 56,0% што е убедливо најнизок процент на гласачи на досегашните парламентарни избори. На овие избори излегоа цели 17% помалку гласачи во однос на претходните парламентарни избори. Драстичниот пад на гласачкиот одзив во голема мера се должи на разочараноста на македонските граѓани од политичките партии и нивниот капацитет да ја извлечат земјата од кризата, но во одредена мера се должи и на фактот што изборите и предизборната кампања се одвиваше во текот на Светското Првенство во фудбал. Дека тоа е така покажуваат и парламентарните избори во Словачка, кои исто така се одржаа во текот на Светското првенство и каде се забележа сличен пад на гласачкиот одзив, од 70,0% на 54,7%.

[уреди] Учесници на изборите

За учество на изборите се пријавија 33 кандидатски листи, од кои 31 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи.

Поголеми партии (и коалиции предводени од нив) што учествуваа на изборите се:

Од помалите политички партии и коалиции на изборите учествуваа:

Кандидатска листа од група избирачи беше пријавена во четвртата изборна единица, предводена од Панчо Минов, и во петтата, предводена од Ќирчо Ташков.

[уреди] Извори

  1. Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2006-2008, 4 стр.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици