Македонски парламентарни избори, 2008

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
 Македонија
Македонски парламентарни избори, 2008
120 мандати во Собранието
1 јуни 2008
Прва партија Втора партија
Gruevski.jpg Radmila-Sekerinska-conference.jpg
Лидер Никола Груевски Радмила Шеќеринска
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Последни избори 45 мандати 32 мандати
Освоени места 63 27
Разлика  +18 -5
Број на гласови 481.501 233.284
Процент 48,78% 23,64%
Македонија
Flag of Macedonia.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Македонија






други земји
 Портал „Политика“

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.

Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дошла веднаш по самитот на НАТО кој се одржал во Букурешт 2008 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалиционен партнер Демократската партија на Албанците, а од друга страна опозициските СДСМ и ЛДП гласале против.

На изборите победи коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во Собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 со само еден пратеник.

На 26 јули 2008 година е изгласана новата влада, составена од министри од ВМРО ДПМНЕ, од коалициските партнери во коалицијата За подобра Македонија и од ДУИ, како партија со најголема поддршка кај албанскиот електорат.

Правни прописи[уреди]

  • Гласачките места биле отворени од 07:00 до 19:00 часот.
  • Биле избирани 120 пратеници по пропорционален метод. Резултатите биле пресметувани по Донтова формула.
  • Од 6 изборни единици биле избирани по 20 пратеници.
  • Биле запишани 1.779.116 избирачи во избирачкиот список, или 37.667 повеќе во однос на 2006 година.
  • Имало 1.540 кандидати за пратеници.

Учесници на изборите[уреди]

Поднесени биле 18 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи. Севкупно, на изборите учествуваа 41 партија. Од нив, 14 настапија самостојно, а 27 во коалициите За подобра Македонија и СОНЦЕ. Коалиција за Европа.

  1. Коалиција За подобра Македонија (ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократска Партија на Турците на Македонија, Демократска Партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, ВМРО - Македонска, Обединета Партија за Еманципација, Партија на Правдата, Странка на Демократска Акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за Интеграција на Ромите, Народно Движење за Македонија, Бошњачка Демократска Партија, Партија на Зелените, Демократска Унија на Ромите, Работничко Земјоделска Партија на Р. Македонија, Партија за Целосна Еманципација на Ромите).
  2. СОНЦЕ. Коалиција за Европа (Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија, Либерално демократска партија, Либерална партија на Македонија, Нова Алтернатива, Зелена Партија на Македонија, Партија на пензионерите на Р. Македонија, Демократски Сојуз на Власите од Македонија)
  3. Демократска унија за интеграција
  4. Демократска партија на Албанците
  5. Партија за европска иднина
  6. Партија за демократски просперитет
  7. Демократска Унија на Албанците
  8. Социјалдемократска партија на Македонија
  9. Партија на слободни демократи
  10. Радикална странка на Србите во Македонија
  11. ТМОРО-ВЕП
  12. Движење за Национално Единство на Турците
  13. Сојуз на Титови леви сили
  14. ВМРО – Демократска партија
  15. ТМРО
  16. Национална демократска унија
  17. Група избирачи Панчо Минов
  18. Група избирачи Пецо Грујовски

Текот на кампањите на политичките партии[уреди]

Според анкетите спроведени од 11 април до 15 април од вкупно 1.108 граѓани на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ имала рејтинг од 29%, наспроти СДСМ со 11%, ДУИ со 10% и ДПА со 7%.

Изборни резултати[уреди]

Политички партии и коалиции Гласови % +/- Мандати % +/-
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) 481.501 48,78 +14,43 63 52,5 17
СОНЦЕ. Коалиција за Европа (СДСМ и др.) 233.284 23,64 -5,71 27 22,5 12
Демократска унија за интеграција 126.522 12,82 +0,70 18 15,0 4
Демократска партија на Албанците 81.557 8,26 +0,76 11 9,2
Партија за европска иднина 14.474 1,47 +0,27 1 0,8
Партија за демократски просперитет 7.213 0,73 ДУИ 0 0 3
Демократска Унија на Албанците 6.484 0,66 +0,22
Социјалдемократска партија на Македонија 6.406 0,65 -0,19
Партија на слободни демократи 4.362 0,44 +0,44
Радикална странка на Србите во Македонија 4.326 0,44 +0,29
ТМОРО-ВЕП 4.317 0,44 +0,36
Движење за Национално Единство на Турците 3.782 0,38 +0,31
Сојуз на Титови леви сили 3.758 0,38 +0,05
Група избирачи Панчо Минов 2.744 0,28 -0,36
ВМРО – Демократска партија 2.335 0,24 +0,11
ТМРО 1.856 0,19 +0,02
Национална демократска унија 1.651 0,17 -0,29
Група избирачи Пецо Грујовски 449 0,05 +0,05
Вкупен одзив 57,06% 1.015.164 100.0 -11,46 120 100.0
Извор: Државна изборна комисија Собрание на Република Македонија

Освоени мандати по политички партии[уреди]

Распределбата на мандатите по партии е следната:

Партија/коалиција Мандати +/-
Коалиција За подобра Македонија ВМРО ДПМНЕ 53 15
Социјалистичка партија на Македонија 3
Демократски сојуз 1
Демократска обнова на Македонија 1
Демократска Партија на Турците на Македонија 1 1
Демократска Партија на Србите 1
Обединета Партија на Ромите на Македонија 1
ВМРО - Македонска 1 1
Странка на Демократска Акција на Македонија 1 1
СОНЦЕ. Коалиција за Европа Социјалдемократски сојуз на Македонија 18 5
Либерално демократска партија 4 1
Нова социјалдемократска партија 3 4
Либерална Партија на Македонија 1 1
Нова Алтернатива 1 1
Демократска унија за интеграција 18 4
Демократска партија на Албанците 11
Партија за европска иднина 1
Вкупно 120

Освоени мандати по изборни единици[уреди]

Освоените мандати по изборни единици се следните:[1]

Партија/коалиција ИЕ 1 ИЕ 2 ИЕ 3 ИЕ 4 ИЕ 5 ИЕ 6 Вкупно
Коалиција „За подобра Македонија“ 11 11 14 13 11 3 63
Коалиција „Сонце“ 5 3 6 7 5 1 27
ДУИ 3 4 0 0 2 9 18
ДПА 1 2 0 0 1 7 11
ПЕИ 0 0 0 0 1 0 1
Вкупно 20 20 20 20 20 20 120

Извори[уреди]

  1. Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2008-2011, 11 стр.

Надворешни врски[уреди]